Занимливости

Ѝ вратиле паричник украден пред 75 години

Бети Сисом (89) била пријатно изненадена кога ѝ соопштиле дека паричникот што таа речиси и да заборавила дека ѝ го украле, е пронајден. Но, тоа се случило дури по 75 години. Паричникот е пронајден при реконструкција на зграда на некогашно средно учлиште во Централија, Илиноис, САД, која сега се пренаменува во црква, изјави свештеник од црквата Сент Балцел.

190709164521 missing wallet returned exlarge 169

Водоинсталатoр го пронашол паричникот во ѕидот од женскиот тоалет, заедно со уште неколку други. Ги сликал и ги објавил на Фејсбук, па благодарение на споделувањата, тоа стигнало и до Сисом. Повеќето сопственици на украдените паричници сега се починати, но новинар од ТВ-станицата „Сент Луис” во имињата ја препознал старицата и на тој начин таа си го поврати украдениот предмет. Во паричникот немало пари. Имало фотографии од нејзините школски другари, но и една слика од брат ѝ кој се борел и загинал во Втората светска војна.

Многу сум среќна поради тоа, оти немам други негови фотографии, изјави Бети. Таа во 1947 година матурирала во тоа средно училиште.

При реконструкција на зградата пронајдени се и други новчаници.

Прочитајте и...  Погледнете како изгледа 70 годишна жена која 28 години не конзумирала шеќер

Crazy Story! While demoing out the old high school in Centralia Illinois recently we found a stash of what we assumed…

Gepostet von Seth Baltzell am Donnerstag, 20. Juni 2019
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top