Галерија

(ФОТО+ВИДЕО) 5 најубави плажи на Халкидики

Можеби нема да најдете романтични бели куќи и луд ноќен живот како на островите, но ако од одморот барате бел песок и чисто тиркизно море, тогаш Халкидики е вистински избор за вас.

1. Кавуротрипес – Оваа плажа е лоцирана на 6 километри од Сарти. Се состои од 6 песочни заливи кои се одвоени со карпи. Заради тиркизната и топла вода, ова е една од најубавите плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики.

kavourotrypes halkidiki 014

2. Лагониси – уште една „малдивска“ плажа на источната страна на Ситонија, со многу сенки и ладовини. Омилена е меѓу Грците кои живеат во близина, па може да се случи за викенд да биде голема гужва. Нема содржини и ресторани, па понесете си сопствено освежување.

slider image

3. Мирсини, на островот Дијапорос – Од Ситонија, со бротче има тури до блискиот остров Дијапорос, кој крие неколку плажи и заливи од соништата. Посебно се издвојува Мирсини, заради која Дијапорос е наречен и рајски остров.

goat final vector 0001 Layer 7

Mirsini beach (Hawaii)

Gepostet von Halkidiki Fani apartments am Montag, 4. Juli 2016

4. Сани Бич – се селиме на првиот крак, Касандра. На западната страна, во местото Сани сместена е плажа со бел песок и мирис на борови кои ги негува сите сетила. Оваа плажа е достапна само за гостите на луксузните хотели од ресортот. Сообраќај речиси и да нема, заради што ова е и единствен еколошки комплекс. Интересно е што ова одморалиште може да се пофали со уште 3 плажи во карипски стил.

sani beach hotel

5. Ксенија – Боите на Касандра ги брани и познатата плажа Ксенија, сместена во залив помеѓу Пефкохори и Паљури, на источната страна на првиот крак. Ситен, бел песок, нереално сина вода, и во голем дел од плажата природни сенки – ова се најчестите причини зошто оваа плажа е рај и чест избор на туристите.

574043 Xenia beach Paliouri 7
Прочитајте и...  Свадбени фотографии од разни делови на светот кои го покажуваат вистинското значење на овој голем ден
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top