10 факти за човечкото здравје кои ќе ве изненадат

Здравјето е најважното нешто што го имаме, па поради ова секојдневно се обидуваме да научиме нешто со цел да останеме што е можно поздрави. Денес можеби ни изгледа како научниците да знаат веќе сè за човечкото тело, но ова е далеку од вистината. На пример, неодамна лекарите открија дека отсуството на појадок нема влијание врз здравјето, а тресењето кога ви е ладно може да ви помогне да ослабите. Погледнете некои од најневеројатните факти за човечкото здравје што се откриени неодамна.

1. На жените им е потребно повеќе сон од мажите

201303 omag sleep better 600x411

Истражувачите од Универзитетот Дјук откриле дека за разлика од мажите, на жените им е потребно повеќе сон. Изгледа дека кога жените не спијат доволно, нивните физички и ментални способности страдаат повеќе од оние на мажите. Поради недостатокот од спиење, жените настојуваат да бидат во депресивна состојба многу почесто, а наутро чувствуваат поголема раздразливост.

2. Луѓето кои изгледаат помладо отколку што се, живеат подолго

Научниците од Данска проучувале 387 пара близнаци во нивните 70-ти, 80-ти и 90-ти години и откриле дека доволно е само да гледате во нечие лице за да одредите дали ќе доживее старост или не. Со други зборови, ако личноста изгледа помладо од нејзината возраст, тогаш ќе живее подолго од личноста која изгледа постаро од нејзината возраст. Причината се делчиња од нашата ДНК познати како теломери кои ја одредуваат способноста за размножување на клетките и младешкиот изглед на личноста. Луѓето кои изгледаат помладо имаат пократки теломери.

Прочитајте и...  Питер Фројхен - еден од најинтересните луѓе кои некогаш живееле

3. Прескокнувањето на појадокот не предизвикува здравствени проблеми

breakfast breakfast classics big two do breakfast

Во 1944-та година една компанија која произведува храна за појадок, General Foods, започнала агресивна рекламна кампања. За да си ја зголемат побарувачката за производите, почнале да им кажуваат на потрошувачите дека според нутриционистите, појадокот е најважниот оброк во денот. Житарките и денес се најпопуларната храна за појадок, а разни експерти сметаат дека појадокот е навистина важен. Но медицинските истражувања покажале дека неговото прескокнување не предизвикува здравствени проблеми и нема ефект на слабеењето или дебелеењето.

4. Комуникацијата со пријатели е корисна за машкото здравје

Психологот Робин Данбар од Универзитетот Оксфорд тврди дека секој маж треба да се среќава со 4-5 пријатели, барем два пати неделно. Според него, мажите кои имаат лојални пријатели поретко се соочуваат со депресија и имаат посилен имунитет.

5. Тресењето кога ви е ладно може да ви помогне во слабеењето

Cold Weather Girl Illustration OKC 01

Научниците од Институтот за медицински истражувања Гарван во Сиднеј откриле дека 10 минути тресење на ладно согорува повеќе масти од еден час вежбање.

Прочитајте и...  14 интересни факти кои можеби не сте ги знаеле за Македонија

6. Пицата е поздрав појадок од житарките

Многумина би помислиле дека ова е нелогично, но пицата навистина е поздрав појадок од житарките. Познатиот американски нутриционист Челси Амер тврди дека пицата содржи масти, јаглехидрати и протеини што ќе направат да се чувствувате сити подолго време, за разлика од житарките. Покрај тоа, житарките содржат и шеќер.

7. „Немирноста“ ќе ви помогне да ослабете

tropanjesoprstite

Едно истражување покажало дека многу од луѓето кои не се склони кон дебелеење прават „екстра“ движења во текот на целиот живот како тропање со прстите, одење во круг за време на разговор и слично. Изгледа дека оваа навидум мала физичка активност му помага на телото да согори дополнителни 350 калории дневно.

8. Грицкањето нокти во детството е добро за здравјето

Научниците од Канада ги проучувале навиките на 1.000 деца на возраст од 5 до 9 години, а неколку години подоцна им направиле тестови за алергија. Се открило дека децата кои ги гризеле нивните нокти поретко добивале астма, поретко се склони кон алергиски реакции и имаат посилен имунитет. Според истражувачите, микробите кои завршиле во нивните тела им го зајакнале имунитетот.

Прочитајте и...  (ВИДЕО) 13,3 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Луѓето не можат да поверуваат што, оваа девојка, му прави на својот дечко!

9. Крвниот притисок може да се зголеми кога околу вас има лекар

doctor gp netherlands

Речиси 20% од целата популација има таканаречен „синдром на бел мантил“. Овие луѓе имаат потсвесен страв од лекари и кога се во здравствена установа нивниот крвен притисок се покачува. Покрај тоа, овие луѓе изгледаат мирно и не ни сфаќаат дека се исплашени. Оваа појава е почеста кај жените, особено во првите недели од бременоста.

10. Поздравувањето со тупаница е побезбедно од ракување

Истражувачите од Велика Британија откриле дека со ракувањето се пренесуваат 40% повеќе микроби за разлика од поздравот со тупаница.


Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.