Занимливости

10 идеи за подарок за денот на вљубените

„Валентајн“ или денот на вљубените е само на чекор пред нас, а сите млади заљубени парови одлучуваат да го прослават и да си подарат некој подарок како знак на љубовта. Ако сеуште не сте одлучиле што да купите за саканите еве ви неколку практични и брзи подароци:

1. Колачиња/ торта во вид на срце

Благото е секогаш одличен избор за да израдувате некого, без разлика на полот и возраста, а освен што се вкусни, имаат и интересен облик.

2. Кутија со вино и чоколада по избор

14 февруари не е само ден на вљубените, туку и ден на виното, па како подарок ви предлагаме да ставите вино, чаши и чоколадо по ваш избор во една кутија. Ни помалку, ни повеќе- туку совршен подарок.

3. Рамка со заедничка фотографија

Секој пар поседува барем една воодушевувачка фотографија која што вреди да ја покаже на секој што го посетува вашиот дом, затоа само најдете ја таа фотографија и совршената рамка и имате готов подарок.

Прочитајте и...  Кето диета: Пет вкусни рецепти за ручек

4. Шољи за чај за парови

Заедничкото уживање во чај или кафе секогаш носи бенефити во вашата врска, па за овој ден може да си подарите шољи за чај кои што секако ќе ги искористите максимално.

5. Гравирани привезоци со вашите иницијали или омилен заеднички стих

Добро е секогаш во себе да имаш потсетник на твојата љубов, па ако сакате вашиот сакан/а секогаш да ве носи со себе подарете му привезок на кој што може да ги изгравирате вашите иницијали, омилен заеднички стих, или само реченица која што ви има огромно значење.

6. Плишано мече или срце

Ако веќе го имате подарено овој подарок, игнорирајте го, но ако немате идеја секогаш во прилог може да ви се најде некое плишано мече или срце.

7. Честитка

Ако сте добри во пишување без размислување подарете честитка на која што ќе ги навезете вашите зборови и чувства, а за возврат ќе се сеќавате на вашата љубов на почетокот и после многу години секогаш кога ќе ја погледнете. Можете да ја купите, а може и да ја изработите дома многу лесно.

Прочитајте и...  30 феноменални фризури инспирирани од природата (ГАЛЕРИЈА)

8. ЦД со омилените песни на саканата личност

Симнете неколку песни кои што вашиот/а сакан/а ги обожава и ставете ги на ЦД. Без двоумење ќе мисли на вас секогаш кога ќе ги слуша.

9. Домашна атмосфера со вечера и свеќи

Ако сте од оние луѓе кои што уживаат во хармонијата на домот само припремете вечера за двајца, запалете неколку свеќи, две чаши вино и вечерта е ваша.

10. Билет за концерт

Најчесто за овој ден, или многу набрзо музичките ѕвезди прават концерти одбележувајќи ја љубовта и виното, па ако купите карта за концерт, верувајте дека нема да погрешите.

Најпопуларно


To Top