Забава

10 книги што секоја жена треба да ги прочита барем еднаш

Во добра книга може да најдете практични совети, може да ве излечи или пак едноставно само да избегате од реалноста кога ви е потребно. Секоја книга различно влијае врз секоја индивидуа, но ако се мислите што да читате следно, овие 10 книги треба да ги има на листата на секоја жена.

#10 „Никаде без ќерка ми“ – Бети Махмуди со Вилијам Хофер

Никаде без ќерка ми е автентичена приказна за љубовта, за личната драма, за траумите и понижувањата на една современа Американка.

Бети по неуспешниот брак се вљубува во штотуку дипломиран лекар – Иранец. Љубовната идила по две – три години завршува со брак, а по извесно време брачниот пар одлучува да го посети Иран заедно со нивната тригодишна ќерка.

Иако Бети се плаши дека оттаму нема да се врати, сепак одлучува да го придружува својот сопруг. Патувањето се совпаѓа со периодот кога во Иран се случуваат крупни политички промени, односно кога на власт доаѓа имамот Хомеини и кога Иран станува Исламска Република.

Нејзините стравувања многу брзо стануваат реалност: Таа со својата ќерка Махтуб станува заложник на мрачното семејство на нејзиниот сопруг Муди. По низа драматични случувања таа успева да избега од Техеран со својата ќерка и да замине за САД.

Никаде без ќерка ми е книга за бескрајната мајчинска љубов и издржливост, но и за муслиманскиот фанатизам, како и за сударот помеѓу западната култура и културата на исламските државни уредувања.

Прочитајте и...  (ВИДЕО) Ова е најстарата личност на светот! Ќе ве изненади нејзината младост во душата

#9 „Ова завршува со нас“ – Колин Хувер

Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.

Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.

Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.

#8 „Оркански височини“ – Емили Бронте

Оркански Височини е врв на англиската романтичарска проза, драматична истрасна приказна за невозвратената љубов. Во моментот на објавување, романот наидува на многу остра осуда од тогашната книжевна критика поради бруталноста, капацитетот за насилство кај ликовите и реалистичкото претставување на менталната и физичката суровост во односите меѓу карактерите. Романот ја истражува поврзаноста меѓу доброто и злото, како и постојаното присуство на овие принципи во природата и во животот на луѓето. Таа двојност, заедно со удвојувањето на ликовите, на внатрешните конфликти што ги разоруваат интегритетот и самочувството на ликовите, го внесува духот на мрачниот романтизам што доминира со ова дело. Емили Бронте е мајстор за продирање во длабочините на човечките страсти и емоции. Особено интересна e нејзината дилема дали луѓето мора да бидат наречени добри или лоши според стандардите на општеството, законот, религијата.

Прочитајте и...  Хитлер патики - најновото од Пума

#7 „Јас пред тебе“ – Џоџо Мојес

ЈАС ПРЕД ТЕБЕ е роман за животот на двајца млади луѓе. Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ви постави едно прашање: Што сè би направиле за љубовта на вашиот живот, знаејќи дека срцето ќе ви биде скршено?

Луиза Кларк е обична девојка што живее еден многу обичен живот – стабилен дечко, блиско семејство – кои едвај отишле подалеку од нивното мало село. Таа се вработува кај ексгосподарот на универзумот Вил Трејнор, кој е врзан за инвалидска количка по една несреќа. Наскоро неговата среќа ќе ѝ значи повеќе отколку што можеше да замисли.

Кога дознава дека Вил има шокантни планови за неговата иднина, таа ќе даде сè од себеси за да му покаже дека во животот има нешто за што сепак вреди да се живее.

Тие немаa ништо заедничко додека љубовта не им овозможи да изгубат сè. . .

Прочитајте и...  Поради ова жените спијат три часа помалку од мажите и се „мртви“ изморени

#6 „На бал со кралот“ – Розалинд Лејкер

Приказна за женската смелост, за гламурот, за желбите и страстите… и како една одамна загубена љубов може да биде пронајдена неколку генерации подоцна… Едно мајско утро во 1664 година четири момчиња галопирајќи на коњи влегоа во селото Версај. Темните пурпурни и смарагдно зелени пердуви од нивните шешири се виореа зад нив, а разграканите гуски бегаа пред нив на сите страни. „Требаше веќе да стасаме ваму пред неколку часа“, им викна Огистен Русје на своите другари и ги стегна уздите на коњот така што се поткрена на задните нозе, запирајќи го за да го набљудува вжештениот амбиент. „Според ова што го гледам, веројатно сите преноќишта се веќе зафатени.“ Улиците со длабоко засечени траги од колца врвеа од угледни луѓе на коњи и во кочии, коишто во ваквото селско опкружување не се чувствуваа како дома во Париз, откај што беа дојдени повеќето. Сонцето светкаше на позлатите од кочиите и коњската опрема, а во топлиот воздух се креваше прашина што ја создаваа копитата и тркалата. Шестотини припадници на благородништвото беа поканети на првата голема свеченост што ќе се одржи во околниот ловечкиот дворец, којшто беше многу мал и каде што ќе може да ги собере само малобројните кралеви и посебни гости.

Уште 5 книги на следната страна.

Страници: 1 2

Најпопуларно


To Top