Литература

10 мистериозни книги кои ќе ве остават со подзината уста

„Зад затворени врати“ – Б. А. Парис

Фото: sakamknigi.mk

Сите познаваат по некој пар како Џек и Грејс. Тој е згоден и богат, таа е убава, шармантна и елегантна. Можеби не сакаш да ти се допаѓаат, но ти се допаѓаат. Можеби сакаш да ги запознаеш подобро и како индивидуални личности, но тешко е затоа што Џек и Грејс никогаш не се двојат…

„Немата пациентка“ – Алекс Мајклидис

Фото: sakamknigi.mk

Алисија Беренсон има навидум совршен живот. Таа е позната сликарка мажена за популарен и баран моден фотограф, живее во грандиозна куќа со огромни прозорци со поглед кон парк во една од најелитните населби во Лондон. Една вечер, нејзиниот сопруг Габриел се враќа дома доцна од фотосесија, и Алисија му пука петпати во лице, а потоа никогаш повеќе не прозборува ни збор…

„Совршената замена“ – Грир Хендрикс и Сара Пеканен

img-book
Фото: sakamknigi.mk

ЖЕНАТА ПРЕТХОДНО…
Ванеса и Ричард биле во брак седум години – сè додека не ја оставил за друга жена, некоја помлада и попосакувана. И таа сега ги поминува деновите навраќајќи се на болни спомени и обидувајќи се да сфати кога работите меѓу нив тргнале во толку лош правец. Но се разбира дека ни таа не е апсолутно невина во сето тоа – таа никогаш не била жената за која ја сметал Ричард.
ЖЕНАТА ОТПОСЛЕ…
Нели е свршена за човекот од нејзините соништа. Ричард е грижлив, харизматичен и успешен, но најважно од сè, ѝ ја дава безбедноста по која секогаш копнеела. Но како што нивната свадба наближува, таа сè повеќе има чувство дека некој ја следи и набљудува….

Прочитајте и...  Книги кои мора да ги прочитате во текот на вашиот живот

„Сушата“ – Џејн Харпер

img-book
Фото: sakamknigi.mk

Специјалниот агент Арон Фалк мора да се соочи со заедницата која го отфрлила пред 20 години. Тој истражува неколку убиства во малото рурално место во Австралија каде што се чини дека сушата ги излудува луѓето. Пред да пукнат од притисокот и очајот, останува само да се молат за капка дожд.
Агентот Фалк крие тајна поврзана со смртта на неговиот пријател од детството, Лук Хадлер. Сета нечиста облека во плакарот се заканува да излезе на виделина пред да падне дождот.

„Вдовицата“ – Фиона Бартон

Вдовицата - Култура
Фото: kultura.com.mk

Тајните ги има во секој брак…
Кога полицијата започна со поставување прашања, Џин Тејлор се претвори во сосема различна жена. Жена што овозможи таа и на нејзиниот сопруг да продолжат понатаму, дури и кога уште повеќе лоши работи почнаа да се случуваат. Меѓутоа, сопругот на таа жена почина минатата недела. И Џин не мора да биде таа жена повеќе…
Има многу нешта што Џин ги премолчи во текот на годините во врска со кривичното дело за кое нејзиниот сопруг беше осомничен. Таа беше премногу зафатена со тоа да биде совршена сопруга, поддржувајќи го својот маж, трпејќи ги обвинувачките погледи и анонимните малтретирања….

Прочитајте и...  Најубавите 15 библиотеки во светот

„И тогаш, таа исчезна…“ – Лиса Џул

Фото: kultura.com.mk

„И тогаш, таа исчезна…“ ќе ве внесе во една емотивно разорувачка приказна на една мајка во потрага по вистината за она што се случило со нејзи ната ќерка. Ели Мек беше совршената ќерка. И тогаш, таа исчезна… Десет години по исчезнувањето на Ели, нејзината мајка, Лорел Мек, се обидува повторно да живее нормално откако во кафуле ќе запознае еден шармантен човек. Пред да сфати што, всушност, се случува, таа се запознава со ќерките на Флојд, а помалата, Попи, ќе ја остави Лорел без здив….

„Убави девојки“ – Карин Слотер

img-book
Фото: sakamknigi.mk

Пред повеќе од дваесет години, сестрата на Клер и Лидија, тогаш тинејџерка, исчезнува без трага. Двете жени си немаат прозборено оттогаш и сега нивните животи не може да се поразлични. Клер е сакана жена на милионер. Лидија е самохрана мајка која едвај крпи крај со крај. Но ни едната ни другата си немаат дојдено на себе од трагедијата што им ги има уништено животите. И горката рана повторно се отвора кога сопругот на Клер трагично загинува…

„Верити“ – Колин Хувер

Фото: sakamknigi.mk

Ловен е авторка на раб на финансиска катастрофа кога прифаќа една од оние понуди што доаѓаат еднаш во животот. Џереми Крафорд, сопруг на легендарната авторка Верити Крафорд, ја ангажира Ловен да ги доврши останатите книги во успешен серијал кој неговата сериозно повредена сопруга не може да го заврши…

Прочитајте и...  10 книги со дејство во Скопје

„Понекогаш лажам“ – Алиса Фини

img-book
Фото: sakamknigi.mk

Амбер Рејнолдс се буди во болница. Не може да се движи. Не може да зборува. Не може да ги отвори очите. Ги слуша сите околу неа, но тие не се свесни дека ги слуша. Амбер е во кома. Не се сеќава како дошло до тоа, но се сомнева дека маж ѝ е некако поврзан со „несреќата“…

„Двојката од соседството“ – Шари Лапена

Ен и Марко Конти навидум имаат сè – љубов, убав дом и прекрасно бебе. Но една ноќ, додека се на вечера кај првите соседи, се случува ужасно злосторство. Сомнежот веднаш паѓа врз нив, родителите. Меѓутоа вистината не е толку едноставна. Внатре, зад спуштените завеси на куќата, полека се отплеткува потресната приказна за она што се случило. Детективот Резбак знае дека испаничената двојка нешто крие. И Ен и Марко набргу сфаќаат дека и двајцата имаат тајни што со години ги криеле еден од друг… Морничаво разоткривање на едно семејство. Напната приказна за измама, дволичност и неверство што ве остава без здив сè до конечниот шокантен пресврт.

Најпопуларно


To Top