Занимливости

10 најчудни овошја во светот

За сите нас, тропските овошја се налик малку чудни, но и многу вкусни. Доколку кога бевте деца мислевте дека ананасот е чуден, чекајте да ги погледнете овие овошја за кои сигурни сме дека ако ги видите во живо, нема да ви падне на памет дека можат да се јадат.

1. Кивано

Киваното е овошје кое потекнува од јужна и централна Африка, кое е уште познато и како афиканска краставица, англиски домат и желе-лубеница. Иако се смета дека е предок на класичните лубеници, сепак се смета за посебен вид овошје. Од надвор е жолто со специфични мали трнчиња кои изобилуваат со витамин C, а однатре е со изразита зелена боја. Киваното се јаде, но често се употребува само како декорација во овошни салати бидејќи има вкус, сличен на краставицата.

2. Змејско овошје

Ова овошје има многу различни имиња, во зависност во кој регион се одгледува. Најчесто во англискиот јазик е познато како змејско овошје, но нативното име му е питаја. Тоа потекнува од Мексико и Јужна Америка, но се одгледува и во Источна Азија и Индонезија. Питајата е плод на кактус, кој во Мексико го нарекуваат „сладок кактус“. Однадвор изгледа како модерно декориран пламен, а внатрешноста му е бела со црни семиња. Има сличен вкус како лубеница.

Прочитајте и...  Мапа за изгубено пиратско богатство- вистина или мит?

3. Дуриан

Durian fruit on white background Free Photo

Дуриан е големо овошје кое во Југоисточна Азија е познато како „кралот на овошјата“. Карактеристично е по своите боцки кои потсеќаат на обвивката на дивиот костен. Може да порасне до 30 см и да тежи 3 кг. Ова овошје потекнува од Брунеј, Филипини, Индонезија и Малезија. Некои луѓе сметаат дека има пријатен вкус, за други е груб и јак. Вкусот на дурианот предизвикува секакви реакции кај луѓето, од убаво и пријатно за јадење, до длабоки гадења и опис како мешавина на бадем со скапан кромид, па дури некои велат дека има мирис на нечисти чорапи.

4. Раката на Буда

Раката на Буда е цитрусно овошје кое на јапонски се вика „бушукан“ односно цитрусната рака. Ова овошје расте на грмушка со долги и неправилни трње, која најчесто вирее во Индија, Кина и Јапонија. Има лушпа која лесно се вади и во суштина е суво овошје без течност, а понекогаш нема ни семки. Името на овошјето се поврзува со будистичките обичаи и тоа најчесто се користи при кажување на молитви кога се избира затворено овошје (односно со собрани краци).

Прочитајте и...  20 фотографии после кои ќе си помислите „Сега видов сè"

5. Овошје пасифлора

Пасифлората потекнува од Парагвај, Бразил и Северна Аргентина, но се одгледува во многу делови на Азија, Средна Америка и Австралија. Овошјето е округло со жолта внатрешност исполнета со семки. Пасифлората изобилува со бета каротен, калиум и диетални влакна. Сокот од пасифлора е добар извор на витамин Ц и е добар за луѓе со висок крвен притисок.

6. Screw Pine

Pandanus Furcatus Himalayan Screw Pine Tree 3 Fresh Seeds | Etsy

Ова овошје е нативно за Индија, Јужна Азија, Островот Рукуку, Тајван и Јапонија. Плодот расте на грмушка со изразито убави цветови и се користи за различни намени. Најчесто се употребува за добивање на етреично масло и парфем. Од него се добива и „keorra-ka-arak“ – етерично масло кое се употребува за главоболка и ревматизам.

7. Рамбутан

Rambutan fruit

Рамбутанот е средно по големина овошје кое спаѓа во фамилијата „Sapindaceae“ и води потекло од Филипини, Шри Ланка, Виетнам и Индонезија. Зборот рамбутан потекнува од малајскиот јазик што значи „влакнесто“, што и нема да биде многу чудно земајќи го предвид изгледот на овошјето. Кога ќе се излупи останува бел месест дел кој има вкус сличен на грозјето.

8. Акебиа Кината

Акебиа Кината е растение кое расте 10 метри во висина и има целокрајни листови со 5 прилисници. Потекнува од Кина, Јапонија и Кореја. Во кинеската алтернативна медицина плодот од ова овошје се користи како диуретик и анелгетик. Во Нов Зеланд, ова растение се смета за штетник и е забрането за дистрибуција и за каква било употреба.

Прочитајте и...  Последниот дочек на Нова година: Како Тито го прослави доаѓањето на годината во која почина? (ВИДЕО)

9. Атемоја

Atemoya

Атемојата е хибрид од две овошја: слатко јаболко и черимоја, коишто и двете потекнуваат од американсите тропски поднебја. За првпат е направен во 1908 година во лабораториите на Мајами. Атемојата е посебно популарна во Тајван каде е позната како сладок ананас. Таа е со округла или срцевидна форма и има нерамна површина. Има многу интересен вкус бидејќи во исто време е благ и кисел, слично како пина колада. Благиот шмек потсетува на вкусот на ванила.

10. Салак

Snakefruit - Gastro Obscura

Ова овошје систематски се нарекува Салак и е плод на палма која потекнува од Индонезија. Овошјето расте во гроздови под палмите и има карактеристична лушпа која личи на змиска кожа по што го добило името. Внатрешноста се состои од 3 дела кои содржат прилично големи семки. Всушност, многу наликува на лук и има истовремено благ и кисел вкус.

Најпопуларно

To Top