Забава

10 најинтересни јазици на светот

Знаете ли кој јазик нема писмо, кој не е сличен со ниеден друг јазик, а кај кој за изразување на броеви треба гестикулација?

10. Баскиски

Овој јазик го говорат 720.000 луше, и тоа на Пиринеите. Интересно е дека овој јазик нема заеднички црти со ниту еден друг јазик кој се говори во тоа подрачје.

Се претпоставува дека настанал од иста група јазизи од кои покасно се развиле индоевропските јазики. Во баскискиот постои правило дека глаголот мора да се согласува не само со субјектот, туку и со објектот, што е знак на многу сложена граматика која е права загатка за лингвистите, но ноќна мора за сите кои сакаат да го научат.

9. Фрулијански

Специфичен јазик кои се говори во североисточниот дел на Италија и во некои сегменти се поклопува со италијанскиот, а во други со францускиот јазик, додека пак постојат сличности и со словенските јазици. Овој јазик го говорат 300.000 луѓе, но повеќето добро го говорат и италијанскиот. Фрулијанскиот е тесно поврзан со јазикот ладин кој припаѓа на романските јазици, односно група на ретроромански јазици.

Прочитајте и...  Бизнисмен ја подарил својата куќа за да од неа направат засолниште за животни

8. Бирале (онгота)

Овој јазик го говорат десетици луѓе на западниот брег на реката Вејто во Етиопија. Тој нема писмо, но затоа лингвистите направиле истражување за него и така го сочувале од заборав. Со оглед на тоа што има малку говорници, се очекува да изумре во блиска иднина.

7. Есперанто

Во лингвистички поглед есперанто е спротивен јазик на онгота. Онгота е природен јазик кој изумира, додека есперанто е вештачки јазик кој никогаш не ни заживеал. Но се проценува дека овој јазик денес го користат од 100.000 до 2.000.000 луѓе.

Лудвиг Лазар Заменхов го составил есперанто во 1887 година, така што користел елементи на европски јазици, а изговорот е најчесто базиран на словенските јазици.

6. Бретонски јазик

Овој јазик го говорат Британци и Французи, но спаѓа во групата на келтски јазики како велшкиот, додека со романскиот и нема некои сличности. Бретонскиот спаѓа во групата на загрозени јазици, бидејќи во последниве 60 години бројот на неговите говорници опаднал за 20%.  Меѓутоа лингвистите сметаат дека не постојат луѓе чиј мајчин јазик е овој јазик.

Прочитајте и...  Жена (50) призна: Престара сум за овие 8 работи!

5. Фински

Доколку сте мислеле дека финскиот е сличен со данскиот, норвешкиот или шведскиот јазик не сте во право. Финскиот нема никакви сличности со споментатите јазици и спаѓа во уралското семејство на јазици. Не се одликува со преголема сложеност и сличен е на естонскиот и унгарскиот јазик.

4. Клингонски јазик

Вештачки јазик кој го говорат ликовите од филмот „Ѕвездена патека“. Многу е развиен и има сопствена граматика, фонетика и писмо.

3. Ајапанеко

Овој јазик го говорат само двајца луѓе од Мексико. Меѓутоа тие двајца се во кавга, а дури и одбиле да разговараат меѓу себе за јазикот да може да биде истражуван и сочуван.

2. Пираха

Мисионерот Даниел Еверет опишал некои од карактеристиките на овој јазик, а неговите белешки биле непотполни, така што избила расправа меѓу водечките лингвисти Ноам Чомског и Стивен Пинкер.

1. Тауширо

Овој јазик го говори уште една личност на светот- Амадео Гарсија. Припаѓа на амазонската група на јазици, а интересно е дека за искажување на броевите кои следат по бројот 10 ги користат прстите на рацете и стапалата.

Најпопуларно


To Top