Животни приказни

10 необични приказни за најголемите гении во светот

„Не плашете се да имате ексцентрични ставови, зошто секое мислење кое е денес прифатено некогаш било сметано за ексцентрично“Бертранд Расел

За да се трудите храбро за одбрана на своите идеи во кои никој не верува и за да докажете теорија која никогаш претходно никој не ја искажал, потребно е да бидете навистина посебни, надарени и единствени.

Покрај овие особини, историјата памти дека многу големи умови имале уште една заедничка особина- ексцентричност.

Откријте некои од наинтересните и најексцентричните приказни од животите на гении кои допринеле за науката повеќе од многу нивни бројни претходници.

Питагора

Кога ќе помислите на прочуениот старогрчки математичар, секогаш најпрво ви текнува дека квадратот над хипотезата е еднаков на збирот на квадратот над катетите, но ги има и тие кои брзо ќе се сетат на Питагорината страст за одбрана на идеите кои неговите современици неможеле да ги разберат. Дали сте знаеле дека Питагора бил вегетеријанец, кој сепак го избегавал гравот, па дури толку бил против него што дури и одбивал да го допре?

По една легенда можно е математичарот да погинал токму поради неговиот необичен однос кон гравот. Имено, него и неговите ученици ги бркале напаѓачи за да ги убијат, а Питагора успеал да избега се додека не дошол до поле на кое имало посадено грав. Со обзир на тоа што тоа бил единствениот излез, Питагора рекол дека тој попрво би умрел отколку да влезе во полето, па така тој бил убиен.

Прочитајте и...  Судбината ги споила: Жена посвоила момче, но и неговата сестричка го нашла патот до нив

Тихо Брахе

Данскиот астроном Тихо Брахе умрел одненадеж во 1601 година, но по некои извори не од затровање со жива како што се верувало долго. Како што Live Science пишуваат, Брахе бил страствен обожавател на забавата. Поседувал остров на кој тој и неговите пријатели се забавувале и бил посветен на овие собири. Во една прилика на банкет во Прага, иако бешиката му била полна, одлучил да не станува да ја испразни зошто така би ги прекршил правилата. Тоа било лоша идеја- добил инфекција на бубрегот и бешиката му пукнала, па починал 11 дена покасно.

Никола Тесла

Тесла бил еден од најголемите гении во историјата на науката, но најверојатно пател од опсесивно- компулсивно пореметување. Како што Live Science пишуваат, српскиот научник одбивал да допре било што, што не е чисто, а имал фобија од влакна и округли предмети како бисерни обетки. Поради тоа бил опседнат со бројот три, па ја обиколувал секоја зграда три пати пред да влезе во неа. Покрај тоа, пред секој оброк употребувал по 18 салфетки за детално да го очисти приборот за јадење.

Вернер Хајзенберг

Германскиот физичар и добитник на Нобелова награда Вернер Карл Хајнзберг докторирал во 1923 година, но лесно можел да остане без докторатот. Имено, кога професорот го прашал како функционираат батериите, човекот кој е еден од основачите на квантната механика не го знаел одговорот.

Прочитајте и...  Езеро на смртта: Кога се стопи мразот, на виделина дојде хорор кој ги збуни научниците

Роберт Опенхајмер

Американскиот физичар Роберт Опенхајмер течно говорел осум јазици, се интересирал за поезија, лингвистика и филозофија. Заради сето тоа некогаш му било тешко да примети дека не сите што го опкружуваат се толку надарени. Сеуште се памти приказната за тоа како во 1931 година на Универзитетот во Калифорнија го замолил колегата Лео Неделски да одржи предавање наместо него. Му дал книга и рекол дека се што треба да каже на часот е во неа. Кога Неделски ја отворил книгата приметил дека се што е напишано во неа е на холандски јазик. Опенхајмер на тоа рекол: „Но тоа е лесен дански!“

Бакминстер Фулер

Архитектот и научник Бакминстер Фулер и самиот бил по малку ексцентричен. Добро е познато дека носел три часовници за да може секогаш да знае колку е точно часот во различни временски зони, спиел два часа, водел детален дневник за својот живот- толку детален што на секои 15 минути запишувал по нешто ново. Денес неговиот дневник се наоѓа на Универзитетот Стенфорд и како што веројатно претпоставувате зафаќа повеќе место од обичен дневник. Висок е 82 метри.

Пол Ердеш

Унгарскиот математичар Пол Ердеш бил толку посветен на науката што одлучил дека нема да се жени и немал свој дом, туку секогаш бил во движење. Често се појавувал на вратите од своите колеги велејќи: „Мојот мозок е отворен“, после што заедно решавале задачи по ден или два. Низ годините конзумирал многу кафе, таблети кофеин и амфетамин за што подолго да остане буден и се занимавал со математика 19-20 часа дневно. Објавил 1500 многу важни трудови.

Прочитајте и...  Го нарекуваат педофил, а тој тврди дека во љубовта сè е дозволено: Сите се шокирани од овој пар (ФОТО)

Оливер Хевисајд

Британскиот математичар и инжињер Оливер Хевисајд пријателите го карактеризирале како многу необична личност. Тој ги лакирал ноктите во розе боја, со денови пиел само млеко, боледувал од хиперграфија и ја обложил целата куќа со огромни гранитни блокови.

Марш и Коуп

Отнијел Чарлс Марш, палеонтолог во музејот Пибоди при универзитетот Јејл и Едвард Дринкер Коуп, кој работел на академијата за природни науки во Филаделфија, соработувале на бројни ископувања во крајот на 19 и почетокот на 20 век. Меѓутоа со време престанале да бидат пријатели и изградиле едно од најпознатите непријателства во историјата на науката. Марш на едно ископување ги подмитил сите чувари за да му сметаат на Коуп и да го оттргнуваат од вистинските траги, а во друга прилика имал шпиони на ископувањето на кое Коуп работел без него. Во нивното време се раширила приказна дека еден на друг си поставувале динамити на местата на кои се чувале скелетите како би оневозможиле да најдат важни откритија. Со години се вреѓале и омаложувале и во бројни статии се обвинувале за злоупотреба на финансиски средства. Нивното непријателство е наречено „Војна на коските. Сепак заедно допринеле во науката со бројни откритија од областа на палеонтологијата.

Ричард Фајнман

Ричард Фајнман, еден од најпознатите теориски физичари на 20 век, се досадувал со изработка на планови за проектот наречен Менхетен, па одлучил да обива брави и сефови за да докаже колку е лесно да се провалат различни системи. Сепак тоа не било крај на неговите авантури. Тој се дружел со казината во Лас Вегас, станал експерт за мајански јазик, го совладал тиванското пеење од грло итн.

Најпопуларно


To Top