Забава

10 од најдобрите книги на сите времиња

Литературните критичари, историчарите и обичните читатели секогаш ќе имаат различно мислење за тоа која е најдобрата книга на сите времиња. Дали тоа е книга со неверојатен јазик, или книга која ја претставува реалноста? Дали можеби најдобра е книгата која оставила голем социјален впечаток и го променила светот? Бидејќи е тешко да се издвои само една, погледнете кои се некои од најдобрите книги на сите времиња.

1. „Ана Каренина“ – Лав Толстој (Anna Karenina)

20150517 recenzija na knigata ana karenina lav tolstoj 1

Секој обожавател на приказните за прељуба, коцкање, брачни проблеми и рускиот феудализам, веднаш би ја ставил оваа книга на првото место. Напишана од рускиот писател Лав Толстој, оваа книга ја раскажува приказната на двајца главни ликови – тажната и разочарана Ана која бега со нејзиниот млад љубовник, и вљубениот земјопоседник Константин Левин кој се мачи со верата и филозофијата. Толстој одлично ги прикажува љубовта, болката и семејството во руското општество, а книгата е особено револуционерна во однос на прикажувањето на предрасудите и социјалните проблеми на жените во тој период.

2. „Да се убие птицата подбивница“ – Харпер Ли (Tо Kill a Mockingbird)

961 11 13 15 19 3 2014Da se ubie pticata

Оваа книга е издадена во 1960-та година и веднаш станала класика. Книгата го прикажува расизмот во југот на Америка преку очите на паметно младо девојче. Иконските ликови, особено адвокатот и татко, Атикус Финч, ја променија перспективата на САД во период кога напнатоста помеѓу расите биле навистина голема.

Прочитајте и...  Тајните на мозокот кои не сте ги знаеле

3. „Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фицџералд (The Great Gatsby)

Getsbi

Оваа приказна е раскажана од перспективата на еден млад човек кој неодамна се преселил во Њујорк и се спријателил со неговиот богат и ексцентричен сосед Џеј Гетсби. Книгата ни дава одличен увид во Ерата на џезот во 1920-тите во САД, а истовремено ја критикува идејата за „Американскиот сон“.

4. „Сто години самотија“ – Габриел Гарсија Маркез (One Hundred Years of Solitude)

200px Sto godini osamenost vtoro

Колумбискиот автор го објавил неговото најпознато дело во 1967-ма година. Во книгата се раскажува за 7 генерации од семејството Буендија, изградбата на нивниот град Макондо, па сè до неговото уништување заедно со последните наследници од семејството. Користејќи фантазија, новелата го истражува магичниот реализам нагласувајќи ја необичната природа на вообичаените нешта, додека мистичните работи се чести.

5. „Едно патување до Индија“ – Е. М. Форстер (А Passage to India)

patuvanedoindija

Форстер ја напишал оваа книга по неколку патувања во државата во неговата младост. Книгата била објавена во 1924-та година и ја следи приказната на индискиот муслиман, доктор Азиз и неговата врска со професорот Кири Филдинг и учителката Адела Кестед. Книгата ја истражува можноста за пријателство и поврзаност помеѓу Англичаните и Индијците и покрај нивните културни разлики. Неверојатниот опис на природата и пејзажот на Индија ја прават оваа книга една од најдобрите.

Прочитајте и...  Вашето име и презиме откриваат дали сте предодредени за пари и моќ

6. „Невидлив човек“ – Ралф Елисон (Invisible Man)

285 30 12 10 17 3 2015nevidliviot covek

Често мешано со „Невидливиот човек“ (The Invisible Man) од Х. Џ. Велс, делото на Елисон е искажување на идентитетот на еден Афроамериканец. Нараторот во книгата е маж кој никогаш не е именува и кој верува дека е „невидлив“ за другите во општеството. Тој се сели од Југот во Њујорк, и на секоја локација се соочува со екстремна дискриминација. Книгата е популарна поради надреалниот и експерименталниот стил на пишување, кој го истражува симболизмот на афроамериканскиот идентитет и култура.

7. „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес (Don Quixote)

245 59 15 14 17 8 2016don kihot 2

Ова е можеби највлијателното и најпознатото дело од шпанската литература и прв пат е целосно објавено во 1615-та година. Книгата често се смета како едно од најдобрите литературни дела и ја раскажува приказната за еден маж кој е опседнат со романтичните новели за кавалерството и сака самиот да стане херој. Самиот лик на Дон Кихот на некој начин е идол и има влијание во многу музички, уметнички и литературни дела.

8. „Сакана“ – Тони Морисон (Beloved)

41dRgue7zZL. SX325 BO1204203200

Оваа духовна приказна раскажува за избеганата робинка која бега во Охајо во 1873-та година. Во книгата е опфатена траумата од ропството, дури и откако ќе се добие слободата. Главниот лик е соочен со вина и емоционална болка откако ја убила нејзината ќерка, која ја крстила Сакана, само за да ја спаси од животот во ропство. Книгата ги нагласува психолошките ефекти на ропството и важноста на семејството и заедницата во процесот на закрепнување.

Прочитајте и...  Нов луд тренд - Тетовирани пазуви

9. „Госпоѓа Даловеј“ – Вирџинија Вулф (Мrs. Dalloway)

download 1

Оваа книга опишува точно еден ден од животот на Клариса Даловеј. Користејќи комбинација од општ наратор и мислите на разни ликови, се добива навистина личен поглед во умот на ликовите. Мислите на ликовите вклучуваат постојано жалење и размислување за минатото, нивните проблеми со менталните болести и посттрауматскиот стрес од Првата светска војна.

10. „Нештата се распаѓаат“ – Чинуа Ачебе (Things Fall Apart)

929

Ова дело е објавено во 1958-ма година и успеало да се прослави и покрај тоа што е дел од африканската литература. Приказната е за еден маж од село во Нигерија, неговото семејство и влијанието на британските колонии врз неговата држава. Книгата е пример за африканска постколонијална литература, жанр што зел голем замав во средината на 1900-тите, кога Африканците имале можност да ја раскажат нивната страна на колонизацијата.

Најпопуларно


To Top