Ако ве прашаат: „Што значи „убав човек“?“, што ќе одговорите? Најверојатно повеќето ќе раскажуваме за убавите очи, косата, физичкиот изглед… Но, вистинската убавина на човекот е нешто многу пошироко и подлабоко од надворешниот сјај.
Сакаме да ве потсетиме колку е важно да имате добра душа кога целиот свет лудува по надворешниот изглед.
Секогаш можете да станете прекрасен човек и пријател за оние кои ќе го освојат вашето големо срце.

Најдобриот подарок во животот не е убавината, туку луѓето на кои им велиме: „Благодарам што сте тука за мене!“

Помагај им на другите дури и кога знаеш дека не можат да ти возвратат.

Ако имате повеќе пари отколку што ви се потребни, направете ја масата поширока, а не оградата повисока.

Богатството во умот може да се сподели без нешто да се изгуби. Тогаш дури може и да се дуплира.

Твојата убавина е она што го правиш со љубов и што прави и другите да се чувствуваат убаво.

Колку почесто не гледате во огледало, толку почесто гледате во својата и во душите на другите.

Вистинската убавина на човекот не е подарок даден во детството. Таа е награда за постојаното работење на себеси.

Секогаш помагајте им на другите. Можеби вие сте единствениот кој го прави тоа.

На крајот на денот, нема да се сеќаваме на убавото тело и лице. Ќе се сеќаваме на убавите срца и души.

