Кујна

10 прекрасни идеи за бојадисување и украсување на велигденските јајца

Се ближи Велигден, па интензивно започнуваат подготовките за овој голем христијански празник. Домаќинките ја активираа креативноста за развеселување и украсување на трпезата и внесување на празничен дух во своите домови.

Во продолжение погледнете креативни идеи за бојадисување и украсување на јајцата:

„ПОЗЛАТЕНИ“ ПАСТЕЛНИ ЈАЈЦА

Вапцајте ги јајцата и оставете ги да се исушат. Во мал сад, измешајте бело лепило и вода во сооднос 1:1, а исечената украсна хартија ставете ја во вдлабнатините од влошката за јајца (како на фотографијата).

Со четка земете од лепливата течност и премачкајте само на долната половина од јајцето. Премачканиот дел „макнете“ го во златните исечоци и оставете да се исуши.

МОЗАИК ЈАЈЦА

Премачкајте ги сварените јајцата со лепило и внимателно наредете врз нив мали парчиња од искршена лушпа од друго јајце.

МРВИЦИ

Сварете бели јајца и оставете добро да се изладат. Потоа со тенка четкичка земајте од боите и нанесувајте мали цртички кои ќе наликуваат на разнобојни мрвици. Искористете 5-6 различни бои.

Прочитајте и...  5 видови на храна кои го забрзуваат метаболизмот

МЕРМЕРНИ ЈАЈЦА

Во сад со вода, ставете лак за нокти. Потопувајте ги јајцата. За да ги заштитите рацете, носете хируршки ракавици.

Колоритна варијанта

ЦВЕТНИ ДЕЗЕНИ

ПИЛИЊА

На бојадисаните јајца во жолта боја залепете им очи и клунови од самолеплива хартија и дел од пердув за да добиете неодоливи пилиња.

ГАЛАКСИЈА

СО ТЕКСТ

ЈАЈЦА СО ВЕНЕЦ

Најпопуларно


To Top