Случувања

10 пронајдоци кои го променија светот, а се создадени по грешка

Во текот на денот колку пати сте си помислиле колку сте му благодарни на тој што го измислил тоа што го користите?

Некои од најпознатите пронајдоци кои најмногу ги користиме, всушност се содадени по грешка.

Пеницилин

Александар Флеминг бил во потрага по “чудо од лек“ со кој ќе се излечат сите болести. Оставил дома еден куп валкани садови и тргнал на одмор. Кога се вратил на садовите отркил нешто чудно – се било покриено со чудна бактерија, освен на едно место кое било “заштитено“ . Сфатил дека тој дел ја блокирал бактеријата и дека може да го искористи за да убие голем спектар од нив. Така се создал пеницилинот.

Кока-Кола

Џон Пембертон сакал да создаде лек против главоболка. Двете основни состојки со кои тој работел биле листови од кока и кола ореви. Во неговата лабораторија по грешка биле измешани овие 2 состојки во газирана вода, и така настанала Кока-Кола.

Прочитајте и...  Џокси и хорот „Мирче Ацев“ со карантин преработка на хитот „На велигден сум се заљубил“

Чипс

Готвачот Џорџ Крам бил вознемирен од страна на некој купувач кој цело време ги враќал компирите тврдејќи дека тие се премногу влажни. Па, Џорџ ги исекол компирите најтенко што можел и ги пржел. Купувачот ги обожавал. Така настанал чипсот!

Огномет

Оваа приказна датира од пред 2.000 години. во Кина, некој готвач случајно измешал сулфур, јаглен и нитрат. Оваа смеса се запалила и експлодирала.

Рентген

Рентгенот е пронајден во 1895 година кога германскиот физичар Вилхелм Конрад Рентген правел експеримент со катодни зраци кои требало да излезат низ цевка. Тој тогаш забележал слабо треперење од клупа неколку метри оддалечена од цевката. Рентген претпоставил дека нов вид на зрак е предизвикувач на тој ефект. Тие зраци ги нарекол Х-зраци.

Супер лепак

Во 1945 година, Д-р Хари Кувер една од супстанциите кои ги создал ја сметал за неуспешна бидејќи се лепела за се што ќе допрела.

Лепливи белешки

Ги создал Артур Фрај, вработен во компанијата 3М. Тој го искористил она за кое што се мислело дека е бескорисна леплива супстанца за да ги држи неговите обележувачи.

Прочитајте и...  „Имунитетни пасоши“ – еден од предлозите за справување со пандемијата

Модерната анестезија

Во минатото на бојното поле се користел алкохолот за намалување на болките на пациентите кои биле ранети. Во 1800-тите, докторите забележале дека етерот и азотниот оксид ја спречуваат болката кај луѓето.

Микробранова печка

Перси Спенсер бил инженер што работел за компанијата Raytheon. Тој забележал дека чоколада во неговиот џеб се стопила откако поминал до магнетрон. По неколку години, тој ја измислил првата микробранова печка.

Пејсмејкер

Вилсон Грејтбач градел осцилатор кој ќе го снима чукањето на срцето кај животните. Тој по грешка зел погрешен транзитор. Кога го вклучил, забележал дека има многу познат звук, како оној на срцето на човекот.

Најпопуларно


To Top