Од Ана Каренина до Беатриче, еве ги жените од книжевноста кои најмногу ќе ги паметиме.

beatrice

Постојат приказни и ликови што ги надминале границите на времето и на просторот, коишто и денес ја имаат сочувано нивната сила, нивната вредност, нивната порака. Има толку многу незаборавни жени во книгите. Млади или позрели, добри или лоши; секогаш сложени и многустрани, секогаш проблематични и подготвени да го натераат читателот да размислува. Во продолжение ќе читате за десетте жени протагонистки во литературата, оние за кои најмногу се дискутирало, оние безвременските. Трагичните хероини Кога се зборува за женските ликови од книжевноста, не можеме а веднаш да не помислиме на приказните со тажен крај – како оние на Ана Каренина, Ема Бовари и Кетрин Ерншоу од „Оркански височини”. Ако го игнорираме фактот дека се работи за трагичен крај, овие три лика се меѓусебно многу различни, очигледен знак дека во литературата не постојат однапред одредени карактери, што треба да ги усвоиме секогаш кога сакаме да раскажеме одреден вид приказна.
Ја цениме Ана Каренина по храброста, ѝ простуваме за неверноста бидејќи зад нејзините дејства секогаш можеме да видиме длабочина и вистинско чувство; од друга страна пак, тешко е да се претрпи недостатокот на транспорт и хроничното незадоволство на Ема Бовари. Кетрин од „Оркански височини” има уште поразличен карактер: заробена меѓу онаа детска лошотија што ја поседуваат разгалените личности, желбата да биде некој, страста. Сигурните жени Актуелни ликови, пар екселанс, овие енергични жени покажуваат како и низ историјата кога жената не била еманципирана како денес, имало граница до која жената можела да го искаже мислењето и да се истакне како поединец. Елизабет Бенет од „Гордост и предрасуди” е еден од најсаканите женски ликови на читателите. Иронична, интелигентна, чувствителна, тоа што ни се допаѓа кај неа се нејзините илјада аспекти, толку реалистични и вистински. Розела О’Хара е книжевниот борец пар екселанс, подготвена на сѐ – дури и да се омажи двапати без да љуби – за да го добие тоа што го сака. Некои би можеле да ја сметаат за опортунистка, секако дека не е 100% позитивен лик, но изведбата на Вивиен Лајт во филмот снимен според книгата и режиран од Флеминг во 1939, ѝ донесе безвременска слава.

Прочитајте и...  Интервју со Оливера Ширгоска, писателка и поетеса - Љубовта е непресушен извор на стихови...

Помалку позната на европската читателска публика но повеќе од достојна да стане дел од оваа посебна ранг-листа е хероината родена од перото на Хенри Џејмс, Изабел Арчер. Оние кои ја прочитале „Портрет на една дама”, знаат дека девојката е претставена како лик сигурен во себе, со сопствени ставови и со огромна желба да ја обликува сопствената судбина. Но, за време на приказната, Изабел ќе стане почовечна, ќе направи грешки и ќе заврши во ситуација што воопшто не е идилична. Лоша, но полна со самодоверба е злобната Миледи од „Тројцата мускетари”. Дволична шпионка, лажга и измамничка, секако дека грофицата Де Винтер е најсилниот женски лик во романот. Добрите жени Можеби помалку проблематични и неубедливи за разлика од седумте жени кои беа претходно споменати, но секако незаборавни се и овие целосно позитивни ликови. Пенелопе е трпеливата жена, посветената сопруга. И покрај тоа што Одисеј е отсутен дваесет години, таа не се откажува, продолжува да се бори за да го задржи престолот на нејзиниот маж, наследството на нивниот син. Меѓу жените на Одисеј, заводнички, злобни, провокаторки, кралицата на Итака се истакнува како карпа – неподвижна, непроменлива.

SysU7pnO 400x400

Делото „Свршеници” има чудна судбина: генерации и генерации ученици беа принудени да го читаат, принудувани од не секогаш просветлени учители, и на крај се најдоа во ситуација да го замразат. Ремек делото на Манцони заслужува втора шанса. После сето ова, кога се зборува за добрина и доблест, не можеме а да не ја спомнеме Лучија Мондела. Жртва на секакви видови несреќа – од грабнувањето до чумата – оваа жена никогаш не ја губи вербата, таа целосно е во позитивна светлина. За крај го затвораме овој преглед со една светица, Беатриче на Данте. Не е важно што била или која била жената во Фиренца, од крајот на тринаесеттиот век, туку значаен е фактот дека преку поезијата на „Божествената Комедија” Беатриче се издигнува на пиедесталот на водач дури и во Рајот, кадешто мудроста (односно Вергилиј) не може да допре, еве како во обликот на оваа преубава жена, носителка на спасот, вербата му приоѓа на помош на скитникот Данте.

Прочитајте и...  Лидија Димковска на поетски фестивал во САД

Еве го списокот на 10-те хероини:

Ана Каренина – „Ана Каренина” од Лав Толстој

Ема Бовари – „Мадам Бовари” од Густав Флобер

Кетрин Ерншоу – „Оркански височини” од Емили Бронте

Розела О’Хара – „Однесено со виорот” од Маргарет Мичел

Елизабет Бенет – „Гордост и предрасуди” од Џејн Остин

Изабел Арчер – „Портрет на една дама” од Хенри Џејмс

Миледи – „Тројцата мускетари” од Александар Дима

Пенелопе – „Одисеја” од Хомер

Лучија Мондела – „Свршеници” од Алесандро Манцони

Беатриче – „Божествена Комедија” од Данте Алигиери

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде