Колку помалку прашина има во домот, толку посреќни и поздрави ќе бидат оние кои живеат во него. За жал, не е толку лесно да се ослободите од неа.
Публицист најде неколку совети за вас кои ќе ви помогнат побрзо и поевтино да се справите со прашината!
Влажни марамчиња

За да се ослободите од прашина, трошки и дамки на тастатурата се што треба е да ја истресете и избришете тастатурата со влажно марамче. Резултатот е одличен, само проверете дали лаптопот Ви е исклучен.
Омекнувач

За да ја отстраните прашината од површините и ефектот да е долготраен, можете да припремите специјален раствор. Измешајте 1 дел омекнувач за алишта и 4 дела вода.
Турете ја смесата во распрскувач и избришете се што сакате дури и огледалата, стаклени маси и бањата. Исто така ова е добро и за лаптоп и ТВ екран.
Меки четки

Доколку сакате да исчистите некои тешко достапни места, четките со природни влакна ќе Ви го олеснат тоа.
Стари чорапи

Ако ја ставите раката во стар чист чорап можете брзо да ги исчистите ролетните. Исто така ако ставите стар чорап и на џогер полесно ќе се ослободите од прашината под креветите и мебелот.
Ролни од тоалетна хартија

Ова е супер неопходна работа за чистење. Ако ја замените цевката од правосмукалката со ролна од тоалетна хартија ќе можете да ги исчистите и најтешко достапните места.
Чувајте ја облеката во навлаки

Облеката, ќебињата, перниците за гости, плетените ќебиња се голем извор на прашина во домот. За да ја намалите прашината, чувајте ги во специјални навлаки.
Колку помалце работи, толку почисто

За да спречите толку брзо акумулирање на прашината, а во исто време да го направите чистењето поедноставно, подобро е да ги фрлите повеќето сувенири и украси што ги имате дома. Колку помалку работи имате, толку почист е домот. Или ако сакате да ги чувате подобро е да ги ставите во стаклена комода.
Не ги заборавајте завесите

Секогаш забораваме на завесите иако тие се буквално покриени со прашина. Најдобро е да ги носите на хемиско чистење еднаш годишно и да ги чистите два пати месечно со парочистач.
Чисти растенија

Куќните растенија се белите дробови на вашиот стан, кои ви помагаат да се справите со прашина. Ако редовно ги миете сите растенија во бањата, тие ќе бидат поефикасни при чистење на воздухот.
Алкохол за чисти сијалици

Прашината од сијалиците можете да ја отстраните со алкохол. Избришете ги со навлажнета крпа и оставете ги да се исушат.
