Занимливости

10 знаци на здрава врска

Здравата врска е она што го прикажува најдоброто во нас. Иако не постои совршена врска, здравата врска прави да се чувствуваме среќни цело време. Подолу следуваат неколку показатели на здрава врска. Имајте на ум дека за сите овие карактеристики постои граница која доколку се помине тоа станува штетно за врската. На пример, лојалноста е одлична за врската, но таа е штетна доколку сте лојални кон оној што не ве почитува вас.

#1 Удобно темпо

Вие и вашиот партнер дозволувате сѐ да тече во она темпо кое ви одговара. Најчесто кога започнувате да се гледате со некого се чувствувате како да го поминувате цело време со него бидејќи тоа го сакате и тоа е одлично! Но, бидете сигурни ништо да не е избрзано. Во една здрава врска никој од партнерите не врши притисок врз другиот за да имаат секс, да започнат да живеат заедно, да се венчаат, да имаат бебе или да ги запознаат неговите родители. Кога ќе одлучиш да преземеш некој од овие чекори внимавај двајцата да бидете среќни и возбудени за тоа, а не да има мешани чувства.

Прочитајте и...  Што не плаши најмногу: 10 најчести фобии

#2 Доверба

Верувате дека вашиот партнер нема да направи ништо за да ве повреди или да ја уништи вашата врска. Пример кога вашиот партнер верува дека нема да го изневерите, ја почитува вашата приватност и не прави да работите напорно за да ја освоите неговата доверба.


#3 Искреност

Искрени сте и отворени со вашиот партнер. Многу е важно да разговарате заедно за она што двајцата го сакате. Во една здрава врска можеш да разговараш со партнерот за сѐ без да се плашиш како ќе реагира или дали ќе те осуди. Можеби нема да му се допаѓа тоа што ќе го кажеш, но ќе ви врати на внимателен начин.

#4 Самостојност

Имате слобода и простор во врската. Пример можете да излегувате во вашите пријатели без вашиот партнер или да не бара да го известувате за секој детаљ од вашиот живот.

#5 Почитување

Ако почитувањето е дел од вашата врска вашиот партнер ќе ги цени вашите верувања, вашето мислење и вас како личност. Примери за тоа се ви дава комплименти, ја почитува вашата работа и вашите соништа не обидувајќи се да ве пречекори.

Прочитајте и...  Јадете ли оризови галети? Тие се диетална, посна и здрава замена за леб

#6 Еднаквост

Вие и вашиот партнер го имате истото мислење и еднакво се трудите во врската. Пример за тоа е чувството кога знаеш дека твоето мислење е значајно за врската, кога се чувствуваш удобно да се искажеш и кога заедно донесувате одлуки во вашата врска.

#7 Грижа

Чуствствување на загриженост од страна на партнерот и знаењето дека секогаш ќе биде тука да те поддржи. Доколку имате здрава врска, вашиот партнер ќе биде добар кон вас, ќе ве разбира и поддржува кога поминувате низ тежок период. Најважниот дел е што тоа треба да биде двострано и еднакво.

#8 Превземање на одговорност

И вие и вашиот партнер сте одговорни за вашите лични дејствија и зборови. Избегнувате да се обвинувате еден со друг и ја превземате одговорноста кога нешто ќе згрешите.

#9 Лојалност

Кога вашиот партнер е лојален вие се чувствувате сигурни дека го чува вашиот грб. Во една здрава врска вие не треба да ја тестирате лојалноста на партнерот бидејќи веќе знаете дека ја има. Понекогаш луѓето велат “сите правиме грешки” и “никој не е совршен” за да ја оправдаат својата нелојалност. Доколку ви се случи тоа повеќе од еднаш можеби вашата врска не е здрава.

Прочитајте и...  Водителка читаше вести кога во студио се појави неочекуван гостин, па не можеше да не се насмее

#10 Комуникација

Доколку можете да разгоарете со вашиот партнер и за добри и за лоши работи тогаш вашата врска е здрава. Пример кога се чувствувате дека вашиот партнер ќе ве сослуша кога и да сте подготвени да разговарате без да се чувствувате осудени.

Најпопуларно


To Top