Забава

109 годишна жена вели дека избегнувањето мажи е тајната за долг живот

Верувајте му на некој што знае што е добар живот. Ако некогаш сте се запрашале што е тајната за долговечноста ние ќе ви ја откриеме тајната. Многу луѓе кажуваат различни причини, но постои една на која што можеби не сте ни помислиле.

Се започнало во 2015 кога еден пензиски дом масовно ги испрашувал луѓето кои се над 100 низ цела Америка која е тајната за нивниот долг живот. По завршувањето на анкетата истражувачите се соочиле со премногу одговори како да го продолжите вашиот животен век.

Додека некои изјавиле дека семејството е тоа што ве прави да живеете подолго, некои дека искористувањето на секој животен момент до максимум, додека пак најинтересниот одговор го дала една 109 годишна жена по име Џеси Галан.

Родена во 1906, Кинтор- Шкотска, Џеси била одгледана на семејна фарма. Таа живеела со нејзините родители и вкупно 6 браќа и сестри. Нејзиниот живот бил едноставен, во рурална средина. Живеела во колиба и се чувствувала слободна.

Прочитајте и...  Во дивината на Амазон: Животот на изолираните племиња низ фотографии

Одела кратко на училиште, но набрзо нашла работа во кујна на една фарма. По нејзината прва работа таа исто така работела како куќна помошничка во куќа во градот. Работела за некое богато семејство.

Најпосле Галан се преселила во Кросби Домот. Тоа е дом за стари и изнемоштени лица. Гилан Бенет која работи таму изјавила: „Џеси е прекрасна личност. Таа ја запозна својата најдобра пријателка тука, Сара Џејн, тие се неразделни. Џеси обожава музика и многу го сака часот за вежби. Таа една независна личност.“

Галан починала во 2015 година, но ја кажала тајната за нејзината долговечност.

„Мојата тајна за долг живот беше избегнувањето на мажите. Тие се поголема невоља од тоа што навистина вредат.“- рекла таа.

Иако се повеќе и повеќе жени се очајни за машкото внимание, можеби сепак најмудрото нешто е да се тргнете на страна од нив и да оставите вашиот вистински маж да ве пронајде токму вас. Никој со сигурност ја нема потврдено теоријата на Џеси, но сепак е интересна тема за дискутирање.

Најпопуларно


To Top