11 годишна девојка од Аргентина која била силувана од страна на партнерот на нејзината баба молела да го абортира бебето, но по 23 недели бременост таа се породила со царски рез откако била одбивана за абортус подолго од 1 месец.

Случајот на “Луција” која користи псевдоним за да ја заштити нејзината приватност поттикна дебата за абортусот низ Аргентина каде што е тешко да се направи оваа процедура дури и во случај на силување и проблеми со здравјето.

Луција се пријавила во болницата во Јануари жалејќи се на проблеми во стомакот според локалните весници. Таа на докторите им открила дека 65 годишниот партнер на нејзината баба сексуално ја злоупотребувал. Докторите потврдиле дека таа е бремена, но тогаш таа била бремена веќе 19 недели.

Густаво Виглиочо, секретарот за здравје изјавил дека докторите не извршиле абортус бидејќи девојчето сакало да го роди своето бебе и според нив таа била способна да го носи бидејќи тежела повеќе од 50кг.

Прочитајте и...  Во Индија убиени четири мажи осомичени за убиство и групно силување

Но, Мариана Патерлини, борец за човекови права со гнев изјавила дека девојчето молело за абортус дури 8 пати вклучувајќи го и судењето на нејзиниот злоставувач кој моментално чека казна.


“Да присилиш девојче во таква ситуација да роди бебе е чиста форма на тортура и деградирање на личноста кои сериозно влијаат на човековите права на ова девојче.” – рекла таа.



Инцидентот предизвикал жестоки критики кај јавноста. Луѓето биле многу вознемирени особено организациите за човекови права и феминистичките движења. Тие сакале да ја заштитат и да бидат казнети луѓето што и го сториле тоа.

“Девојчето си игра со кукли, кога ја здогледав мислев дека ја гледам мојата најмала ќерка. Толку мала, таа не ни разбираше што може да и се случи.” – се дел од коментарите во јавноста.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.