Галерија

11 предлог подароци за Денот на жената

Секој човек во својот живот има некоја посебна жена. Најчесто тоа е неговата мајка, но од групата не изостануваат и сите сопруги, тетки, сестри, ќерки. 8 март е сепак ден на секоја жена.

Ако сеуште се немате одлучено каков подарок би и подариле на вашата посебна жена ние за вас подготвивме листа на подароци кои што може да бидат совршени за овој ден:

#1 Цвеќе

Било да е тоа живо цвеќе во саксија, или само ружа, цвеќето е симбол на овој ден. Ако не располагате со голем буџет за овој ден, доволно е да купите само едно цвеќе или да го наберете од некоја градина.

#2 Чоколада

Чоколадата е идеален подарок за жени од сите возрасти. Купете кутија со чоколадни бонбони или нејзината омилена чоколада. Нема да погрешите.

#3 Честитка

Честитка во која ќе ги искажете вашите чувства и зошто сте благодарни што таа жена е во вашиот живот е еден од најдобрите подароци кои што може да и ги подарите на една жена и кој секако ќе останат долго во сеќавање. Најдобриот дел е што можете и сами да ја изработите.

Прочитајте и...  Од оваа оптичка илузија ќе ве боли глава: Се движи или не?

#4 Накит

Никогаш нема да погрешите ако одберете парче накит. Обетки, ланче или алка, можеби и прстен, на жена никогаш не и е доста од совршен накит.

#5 Кутија со козметички производи

Секогаш може да пронајдете некоја комбинација на козметички производи за лице, коса или тело кои би и биле од корист на жената. Може сами да искомбинирате, но може и да пронајдете веќе готова комбинација на совршени производи.

#6 Парфем

Со овој подарок никогаш не можете да погрешите. Изберете парфем што ќе го нагласи нејзиниот шарм. Можете да изберете парфем со летни или пролетни вибрации, нежен, елегантен или пак луксузен за посебни пригоди.

#7 Книга

Книгата е подарок за секоја пригода. Изберете го оној жанр што и е омилен на жената во вашиот живот.

#8 Рамка со заедничка фотографија

Одберете ја заедничката фотографија што мислите дека освен во телефонот треба да ја има истакнато на видно место во домот. Со технологијата почнавме да ги забораваме вистинските вредности.

Прочитајте и...  „Дарежливо дрво“ - Американка ги подарува рачно изработените заштитни маски на луѓе коишто имаат потреба од нив

#9 Апарат за домаќинство или прибор за во кујна

На една жена секогаш и треба нешто ново во нејзината кујна. Нема да погрешите ако и купите некое ново тенџере, чинија или можеби тостер за вафли.

#10 Порцелански украс

Доколку жената во вашиот живот е обожавател на украси за домот тогаш ова е идеалниот подарок за неа. Има голем избор на украси, а ваше е само да го изберете најубавиот.

#11 Подгответе и ручек

Вашата мајка или сопруга е онаа која што секојдневно се грижи на трпезата да има ручек. Барем еден ден во нејзиниот живот потрудете се да ја изненадите со храна приготвена од вашите раце.

Најпопуларно


To Top