Забава

11 причини зошто тетките се едни од најважните личности во животот на едно дете

Мајката и таткото се најважните личности во животот на едно дете, но покрај нив и други членови на фамилијата се од голема важност.

Прекрасен пример за тоа се тетките. Тетката обезбедува љубов и поддршка во секоја фаза на животот на внуката или внукот.

Еве 11 причини зошто тетките се многу важни:

#1 Тетките секогаш се расположени за игра

Тетките сакаат да поминуваат време со своите внуци и ја користат секоја прилика со нив да си играат и забавуваат. Штом доаѓа тетката, децата сами знаат дека ги очекува многу забава.

#2 Тетките даваат најдобри подароци

Децата знаат дека отворањето на подарок од нивната тетка е секогаш возбудливо.

#3 Тетките имаат различен поглед на светот

Иако тетката израснала со еден од родителите на детето, таа сепак има различен поглед кон светот. Како што детето старее, така разговорите со тетката стануваат позначајни.

#4 Тетките ги дисциплинираат внуците без да бидат сурови

Прочитајте и...  На кој начин дрвјата разговараат едни со други?

Исто како родителите, така и тетката ја знае важноста од всадување на правилно однесување и манири. Но, тетките тоа го прават на понежен начин.

#5 Тетките се најдобрите бејбиситери

Тетките се најсреќни кога треба да го чуваат внучето. Родителите знаат дека тие добро ќе се грижат за нивното дет и не бараат да бидат платени што ги прави најдобри бејбиситери!

#6 Тетките им раскажуваат на внуците приказни за нивните родители

Бидејќи тие израснале со нивните родители ги знаат сите смешни приказни од нивниот живот кои им помагаат на децата подобро да ги запознаат нивните родители.

#7 Тетките можат да ги поддржуват родителите

Не е лесно да се биде родител. Децата не доаѓаат со упатство за употреба. Тетките кои имаат свои деца можат да дадат добри совети, а оние кои немаат можат да ги сослушаат родителите.

#8 Тетките можат да бидат добар пример за децата

Децата ги копираат возрасните околу нив.

Прочитајте и...  На Гинекологија се роди најголемото бебе во Македонија (ФОТО)

Да му кажуваш на детето како да се однесува не е доволно. Тоа треба и да му се покаже. Тетката која е добра и која им помага на сите може да биде одличен пример за внучето.

#9 Тетката ги дава најдобрите совети

Децата не сакаат секогаш да им кажуваат сѐ на родителите. Нив може да им биде срам или да се плашат дека нивните родители ќе ги осудуваат. Доверувањето на тетка е добар начин за да се добие совет од возрасен кому децата му веруваат.

#10 Тетките се медијатори помеѓу родителите и децата

Нормално е понекогаш да има конфликт помеѓу родителите и децата. Најчесто тоа се случува кога детето преминува во тинејџер. Бидејќи тетките ги сакат и родители и децата, тие се во одлична положба да дејствуваат како неутрални.

#11 И тетките можат да имаат нивни деца

Доколку тетката има свои деца, внуците ќе имаат со кого да си играат. Врската помеѓу братучедите може да биде исто силна колку онаа помѓу браќа и сестри. Братучедите меѓусебе се поддржуваат и во периоди на подеми и во периоди на падови.

Прочитајте и...  10 од најдобрите книги на сите времиња

Дали и ти имаш посебна тетка?

Можеби е време да и се заблагодариш на твојата тетка за поддршката и љубовта која ти ја пружила.

Или можеби имаш внуци и внуки?

Тогаш запамти дека имаш многу значајна улога во нивниот живот. Поминувај време со нив и заедно создавајте незаборавни спомени кои ќе ви го збогатат животот.

Најпопуларно


To Top