Македонија

127 нови заболени од корона вирус, 3 починати

Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.

  • Скопје 67
  • Куманово 1
  • Дебар 1
  • Штип 33
  • Тетово 10
  • Струга 5
  • Охрид 6
  • Кочани 2
  • Пробиштип 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти.

  • Скопје 4
  • Тетово 2
  • Гостивар 1

Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343.

Прочитајте и...  Семејството на починатата го демантира Филипче: Никој не ни кажа дека почина од корона, туку од срцев застој

Најпопуларно

To Top