Видео

13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманието

Денес речиси и да немаме време за долги серии. Поради ова мини сериите земаат сè поголем замав. Тие се одлични за опуштање по долгиот напорен ден, а за да ги изгледате доволно ви е само еден викенд. Во продолжение погледнете некои понови мини серии што навистина ќе ве заинтересираат.

1. „Крајот на е***иот свет“ (The End of the F***ing World)

Џејмс и Алиса имаат 17 години, но се веќе разочарани од животот. Таткото на Алиса ја напуштил, а мајката на Џејмс извршила самоубиство. Двата лика се среќаваат и одлучуваат да избегаат од нивниот град. Но целта на нивното патување не е баш обична или нормална. „Крајот на е***иот свет“ има сè што ѝ е потребно на една мини серија – солзи, крв и бунтување.

2. „Патрик Мелроуз“ (Patrick Melrose)

Патрик Мелроуз е аристократ со многу пари, психолошки нарушувања и проблеми. Во неговото детство бил малтретиран од татко му, но успеал да стане значајна личност во општеството. Приказната за мажот кој се справува со траумите со помош на алкохол и дрога, речиси сигурно ќе ви го привлече вниманието.

3. „Мозаик“ (Mosaic)

Оваа серија започнува со крајот – убиството на главниот лик, авторката на книги за деца по име Оливија. Ерик Нил е главниот осомничен, но нештата не се толку едноставни. Серијата продолжува со сеќавања од минатото кои ни покажуваат што навистина ѝ се случило на авторката. Овој необичен трилер ќе ве остави без здив до самиот крај.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Како изгледа шетањето низ очите на кучето

4. „Пикник на Хенгинг Рок“ (Picnic at Hanging Rock)

Две девојки и нивните учителки исчезнуваат по пикник на мистериозното место Хенгинг Рок на Денот на вљубените. Ова е навистина морничава и убава серија, а во главниот лик ќе ја видите Натали Дормер.

5. „Внатрешната убавина“ (The Beauty Inside)

Алекс секое утро се буди како различна личност, а со ова „нарушување“ е навистина тешко да пронајдете љубов. Но кога луѓето ќе се вљубат, најважно е она што е внатре, а токму тоа се обидуваат да го прикажат креаторите. Оваа необична серија полна со љубов и романса ќе биде вистинска храна за вашиот ум.

6. „13 причини зошто“ (13 Reasons Why)

Клеј е обичен тинејџер кој е вљубен во Хана, девојка која извршила самоубиство. Тој открива 7 касети снимани од Хана во кои таа ги опишува 13-те причини зошто ставила крај на својот живот. „13 причини зошто“ ќе ве натера да обрнувате повеќе внимание на луѓето околу вас.

Прочитајте и...  Животнотото кое никогаш не умира

7. „Странецот“ (The Alienist)

Приказната се одвива во Њујорк на крајот на 19-тиот век. Идниот претседател, еден психолог и еден новинар се обидуваат да ги истражат серијата убиства кои наликуваат на ритуал. Сите жртви се деца. Атмосферата на оваа серија нема да ви дозволи да ја исклучите.

8. „Вознесение“ (Ascension)

Во 1963-та година владата на САД започнала проект во кој 100 мажи и жени ќе одат на патување кое трае 100 години, со цел да го осигурат преживувањето на човечката раса. Но по 50 години една жена умира под мистериозни околности. Истрагата го тера екипажот на бродот да се запраша за вистинската природа на нивната мисија.

9. „Грешник“ (The Sinner)

Млада жена по име Кора избодува маж до смрт пред неколку сведоци, вклучувајќи ги нејзините сопруг и ќерка. Проблемот е што таа не знае зошто го направила тоа. Оваа детективска приказна сака да истакне дека е важно да се знаат вистинските мотиви на убиецот пред да се направат брзи обвинувања.

10. „Орвил“ (The Orville)

Вселенскиот брод за истражување „Орвил“ оди на разни мисии низ вселената. Екипажот се соочува со космички предизвици, авантури и опасности. „Орвил“ е серија полна со хумор и моменти што го одземаат здивот.

Прочитајте и...  МОЌНО ВИДЕО: Дали заборавивме да стекнуваме нови пријателства?

11. „Птичја песна“ (Birdsong)

Programme Name: Birdsong – TX: n/a – Episode: n/a (No. 1) – Embargoed for publication until: 03/01/2012 – Picture Shows: L – R Stephen Wraysford (EDDIE REDMAYNE), Isabelle Azaire (CLÉMENCE POÉSY) – (C) BBC/Working Title – Photographer: Dávid Lukács

Стивен, анксиозен и чувствителен Англичанец, се вљубува во мажена Французинка. Војната ја спречува нивната афера, а неговите сеќавања му помагаат да не полуди во тој период. Ова е неверојатна мини серија за љубовта, војната и силата на умот.

12. „Изменет јаглерод“ (Altered Carbon)

Приказната во „Изменет јаглерод“ се одвива во 27-иот век. Свеста на луѓето може да се складира дигитално, а потоа да се стави во ново тело така што луѓето можат да живеат неколку животи. Но и во овој свет има многу проблеми. Еден човек се соочува со овие проблеми кога ќе биде најмен од богат маж за да го реши убиството на едно од неговите тела. Доколку сакате добро шоу, тогаш сигурно ќе уживате во футуристичките визуелни елементи на серијава.

13. „Алијас Грејс“ (Alias Grace)

Грејс, слугинка имигрант од Ирска, е обвинета за убиството на нејзиниот работодавач. Жената не може да се сети што се случило на денот на убиството, но сите докази се против неа. По 10 години од нејзиното затворање, доктор Сајмон Џордан се обидува да ѝ помогне да се сети на настаните од тој ден. Оваа серија сигурно ќе ве натера да научите нешто повеќе за себе.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top