in

13 трилери кои ќе ви го покачат адреналинот

„Ако трилерот не си поигра со вашите нерви, тогаш не си ја врши правилно работата“, вели писателот Џејмс Патерсон. Тешко е да не се согласиме со ова. Затоа, ако ви е преку глава од досадни филмови, погледнете ги овие 13 трилери кои ќе ве наежат и ќе ви ги ококорат очите со секоја нова сцена!

Dark Waters, 2019

Адвокатот Роберт Билот работи во адвокатска фирма Синсинати, специјализирана за одбрана на хемиски компании. На Билот му се приближува земјоделецот по име Вилбур Тенант, кој се сомнева во блиската фабрика за производство Дупонт, ја труе водата што ја пијат кравите. Билот бргу открива дека луѓето исто така се трујат и тој се посветува на заштита на здравјето на луѓето тужејќи го хемискиот голијат.

IMDb – 7.6

Uncut Gems (2019)

Uncut Gems' Shines at Box Office, Just in Time for Oscar Voting ...

Хауард Ратнер е сопственик на мала продавница за накит. И покрај фактот дека има сопствен бизнис, тој е сериозно во долгови поради зависноста од обложување во НБА натпреварите. Еден ден, познат кошаркар доаѓа во неговата продавница, а во исто време пристигнува и црн опал. Играчот бара да му го позајмат црниот опал, а во замена го остава шампионскиот прстен. Хауард веднаш оди во најблиската обложувалница за да направи облог.

IMDb – 7.7

The Tale (2018)

Врз основа на сопственото животно искуство на режисерката Џенифер Фокс, филмот „Приказната“ претставува истрага низ сеќавањата на една жена кога е присилена да размислува за својата прва сексуална врска. Џенифер е светски признаена новинарка и професорка која живее убав живот со своето момче во Њујорк. Тоа е така сѐ додека нејзината мајка не ја наоѓа приказната што Џенифер ја напишала на 13-годишна возраст во која го опишува „посебниот“ однос што го имала со возрасен тренер и тренерка. Додека ги чита пожолтените страници на „Приказната“, Џенифер открива дека шифрирани детали што ги напишала пред 40 години не се какви што ги памети. Длабоко вознемирена, а сепак решена да ја соочи сопствената верзија на настаните со вистината, Џенифер оди да ги најде инструкторката по јавање и тренерот по трчање. Враќајќи се на една фарма во Каролина каде што доживеала толку многу работи, седмооделенката во Џенифер повторно се буди, па почнуваат да се разоткриваат приказните што си ги раскажувала себеси со децении.

Прочитајте и...  Тинејџерската тв-серија „Гласна куќа“ ќе биде задолжителна и за родителите

IMDb – 7.2

Never Look Away (2018)

Never Look Away (2018) | CineMuseFilms

Во филмот се раскажува за животот на Курт Барнерт, германски уметник кој е роден непосредно пред да дојдат нацистите на власт. Момчето го помина целото детство во Источна Германија, но, сакајќи промена во животот, тој бега на Запад. Таму, Курт студира сликарство и го развива својот талент преку сликање. Сепак, тој наскоро се соочува со ехо од минатото, со што ќе мора некако да се справи.

IMDb – 7.7

I See You (2019)

I See You (Movie Review) - Cryptic Rock

Чудни инциденти го прогонуваат детективот Грег Харпер и неговото семејство додека тој истражува исчезнување на мало момче. Сè упатува дека историјата се повторува, а работите што веќе се случиле во минатото почнуваат повторно да се случуваат во нивниот мал град.

IMDb – 6.6

Freaks (2018)

Freaks': Film Review | Hollywood Reporter

Филмот ја раскажува приказната за 7-годишно девојче по име Клои, кое е затворено во напуштена куќа од нејзиниот параноичен татко. Мистериозниот г-дин Сноукон ја убедува да избега, следејќи ги сoпствените сомнителни цели.

Прочитајте и...  15 фотографии од филмови во кои актерите носат исти костими

IMDb – 6.7

In the Shadow of the Moon (2019)

Netflix Review: In The Shadow Of The Moon (2019) — The Jesta

Во 1988 година, полицискиот службеник Томас Локхарт истражува трикратно убиство во различни делови на градот. Четвртата жртва успева да даде опис на напаѓачот: црна жена во сина облека. Томас успева да го пронајде криминалецот и да се бори со неа, по што таа умира. Неколку години подоцна, сè се повторува: идентични злосторства и новиот осомничен е црна жена во сина облека.

IMDb – 6.2

Peppermint (2018)

Peppermint movie review & film summary (2018) | Roger Ebert

“Пеперминт” е приказна за одмаздата на една млада мајка, која нема повеќе што да изгуби, па сега сака од своите непријатели да го врати убавиот живот кој и е одземен.

IMDb – 6.5

The Perfect Patient (2019)

The Perfect Patient (2019) — The Movie Database (TMDb)

Многу познати криминалци би завидувале на инвентивноста на овој убиец. Тој има десетици жртви, а не остави ниту еден доказ. Тој е единствениот сведок на неговите злосторства. Сепак, одеднаш, без очигледна причина, тој се предава и го открива неговиот идентитет. Му проработе совеста, или сето тоа е само уште еден подмолен план? Новинар ќе се обиде да го дознае ова.

IMDb – 7.0

The Nightingale (2018)

The Nightingale (2018) – movie review – Horror World & Reviews

Дејството се одвива во 1825 година. Клер, млада ирска осуденичка, брка британски офицер за да се одмазди на ужасното дело на насилство што го извршил против неа и нејзиното семејство. Во тој процес, таа прибегнува кон помошта на ренџер по име Били, чие минато исто така беше тешко.

Прочитајте и...  Анимираната приказна „Пајни: Oсамената елка“ на која работеше македонското студио „В Хаус анимејшн“ премиерно во Лос Анџелес

IMDb – 7.3

The Witch: Part 1. The Subversion (2018)

13 thrillers for those who are bored with this life and need an urgent dose of adrenaline

Средношколка со амнезија се обидува да открие што се случило со неа. Се тоа ја води во подлабоки проблеми, на крај откривајќи темнина што не можеше ни да си ја замисли.

IMDb – 7.0

The Collini Case (2019)

13 thrillers for those who are bored with this life and need an urgent dose of adrenaline

Каспер Лаинен, млад адвокат, го истражува случајот на механичарот Фабрицио Колини. Тој е обвинет за убиство на бизнисмен, но не сака да оствари контакт со неговиот бранител, молчи. Со текот на времето, во случајот почнуваат да се појавуваат нови индиции и докази, што на крајот го наведува Каспер да открие еден од најголемите германски судски скандали.

IMDb – 7.2

Maternal Instinct (2018)

Mothers' Instinct': Toronto Review | Reviews | Screen

Кога мајка ќе изгуби мало дете по фатална несреќа, првото нешто што таа го прави е да започне да се прекорува себеси. Селин, еден од двата главни лика, не е исклучок од ова. Зошто го остави својот син сам во собата со отворен прозорец? Зошто да не бидеме повнимателни? Сите овие мисли ја прогонуваат. Но, наскоро сомнежите во нејзината глава ќе си поиграат со неа и ќе почне да ја критикува нејзината соседка дека и таа можела да го спречи тоа. Две блиски прјателки губат доверба една во друга и за крако време се ќе излезе од контрола.

IMDb – 6.3

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote