Македонија

14-годишно девојче почина од компликации од грип

Четиринаесетгодишно девојче е прва жртва од грипот во земјава. Ова го потврди д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот за јавно здравје, по информацијата добиена од Клиниката за детски болести, каде што вчера починало девојчето.

Како што наведуваат лекарите, девојчето имало и други заболувања.

Неделава има 3.600 новозаболени од грип што е најмногу досега, а вкупната бројка дистигна 10.700. Засега нема потреба за затворање на училиштата за да се спречи ширењето на грипот, велат здравствените власти.

Прочитајте и...  Листа на „Бизнис инсајдер“ за 20 земји кои полека изумираат, Македонија една од нив

Најпопуларно


To Top