До сега сигурно сте испробале повеќе диети, но ретко која успеала. Со овие 15 трикови, ако успеете да заштедите 150 калории дневно, тоа значи дека ќе изгубите 8 килограми за една година. И тоа без многу напор и труд.

1. Работете во дворот, ако го имате. Половина час ваква физичка активност ќе ви помогне да изгубите нешто повеќе од 150 калории.
2. Додека гледате телевизија, седнете на подот и истегнувајте се неколку минути.
3. Користете сенф наместо мајонез во сендвичите.
4. Јадете пченичен леб и печиво. Избегнувајте бело брашно.
5. Избегнувајте сода и газирани пијалаци. Пијте обична вода и незасладен чај.
6. Комбинирајте тестенини со зеленчук. При тоа, кога ги варите ставете повеќе зеленчук, а помалку тестенини.
7. Додека зборувате на мобилен, секогаш шетајте. Не се излежувајте.
8. Подобро грицкајте пуканки, отколку чипс.
9. Избегнувајте макијато и кремасти кафиња со преливи. Избирајте капучино со млеко од соја.
10. За почетокот на денот подобро изедете здрав мафин или тенка погача, отколку лиснато и кисело тесто.
11. Засладете се со чинија јагоди доцна навечер, наместо чоколадни колачиња.
12. Играјте низ дома барем половина час, кога и да ја слушнете омилената песна.
13. Наместо помфрит, јадете вкусен печен компир.
14. Чистете го домот, барем по 20тина минути дневно.
15. Јадете кафен шеќер и интегрален ориз наместо обични.