Галерија

16 невозможни сложувалки кои ќе ви ги тестираат нервите ГАЛЕРИЈА

За многу од нас, сложувањето на сложувалки е одличен начин да се помине квалитетно време со најблиските. За да се задоволат вкусовите на „сложувачите“, производителите цело време пронаоѓаат нови начини да создадат уникатни и предизвикувачки сложувалки, па не е ни чудно дека некои од нив ќе ви го тестираат трпението. Целосно прозирна сложувалка, сложувалка со парчиња во форми кои не се повторуваат, па дури и насловната страница на весник — се само неколку од примерите кои ќе ги тестираат вашите нерви.

Ако имате некоја комплицирана сложувалка која сте ја составиле и мислите дека нејзиното место е во листава, испратете ни ја на [email protected] за да ја додадеме 🙂

1. Целосно црвена „кечап“ сложувалка од Heinz

2. Прозирна сложувалка која нема никакви насоки

3. Сложувалка со насловна страница од весник

4. „Каде е Валдо“ сложувалка од која ќе посакате да си ги извадите очите

5. „Каде е Валдо“ сложувалка, овој пат на плажа

6. Кружна сложувалка со 1000 парчиња и спектар од бои

7. Сложувалка од вселената со 1000 парчиња и МНОГУ детали

8. 13-часовна сложувалка за љубителите на месо

9. Сложувалка во форма на камен која ќе си поигра со вашиот мозок

10. Дрвена кружна сложувалка на ноќното небо, со поглед на млечниот пат

11. Сложувалка од луѓе што вежбаат јога на трева

12. Галаксија – сложувалка со безброј комбинации и чудни форми на парчињата

13. Модерна сложувалка со точки која изгледа прекрасно кога е составена

14. Целосно црна сложувалка со текстура на платно

15. Сложувалка со стара мапа на Лондон, со сите куќи и објекти на неа

16. За крај, оваа сложувалка од Месечината која би изгледала прекрасно во вашиот дом

Прочитајте и...  ГАЛЕРИЈА: Фински фотограф ја покажува убавината на шумата од бајките во Финска

Најпопуларно


To Top