in

17 типични однесувања на една вистинска емпатична личност

Да се биде емпатичен понекогаш може да биде тешко бидејќи се однесува на чувствата на другите личности на длабоко ниво. Емпатичните личности се влијателни и со напорна работа можат да донесат големо добро во светот.

Многу емпатични личности се толку осетни што навистина ја чувствуваат болката на другите околу нив. Тие физички чувствуваат низ што поминале другите личности. Емпатичните личности обично се справуваат со хроничен умор бидејќи тие се присилени од енергијата и чувствата на другите личности. Иако емпатичните луѓе се комплицирани и тешко е да ги разберете, кога ќе ги запознаете поубаво, се ви станува сосема јасно.

Ако сте емпатична личност, ќе се препознаете во една или повеќе од овие однесувања и карактеристики:

1. Вие сте екстремно осетливи

Чувствувате се на подлабоко ниво од повеќето луѓе.

2. Одбивате да ве излаже некој

Ако некој проба да Ве излаже, тогаш тие се оние што губат. Вие чувствувате кога блиските луѓе околу вас се неискрени.

Прочитајте и...  Запознајте го вистинскиот Шрек - Морис Тиле

3. Не ги осудувате другите

Не ги осудувате другите за што и да направиле. Ако ги видите како прават нешто лошо ќе им кажете, но нема да ги осудувате.

4. Не сакате груби звуци

Имате тенденција да уживате во меки и нежни звуци.

5. Мразите самобендисаност

Воопшто нема да се занимавате со самобендисани личности.

6. Добри сте во давање совети

Вие сте одличен решавач на проблеми и затоа вашите совети секогаш се добри.

7. Лесно е да ви се одвлече вниманието

Се фокусирате помалце и се ве интересира. Можете да гледате во две работи во исто време и исто да сте воодушевени. На пример ако гледате во ливада со различни цвеќиња, ќе ги гледате сите како убави, а не одбирате само едно.

8. Сакате животни

Се грижите за миленичиња како да ви се семејство.

9. Често сте изморени

Многу од времето го користите за апсорбирање на енергијата што ја шират другите.

Прочитајте и...  Како престојот во природа помага во борбата против стресот?

10. Чесни сте

Мразите да лажете и да ве лажат.

11. Вие го искусувате тоа што го искусуваат другите

Ја чувствувате болката на другиот кога ви ја објаснуваат. Не е лажно разбирање, туку навистина длабока, значајна врска.

12. Вие сте добар слушател

Луѓето можат со вас да зборуваат за се.

13. Не можете да се справите со негативни слики

Често пробувате да избегнувате лоши вести и слики каде и да се објавени. Премногу сте осетливи за да гледате такви работи со вашите очи. Но, сепак, ако мора да гледате, ќе гледате.

14. Не сакате гужви

Дури и емпатичните луѓе кои многу сакаат да се дружат се преполни со емоции во големи гужви.

15. Осетливи сте на нешта како лекови

Се обидувате да избегнете да гледате или да слушате за лекови и доктори колку што е можно повеќе.

16. Секогаш нудите помош на секој кому можете да му помогнете

Без оглед на се, вие ќе пружите рака за помош на било кого. Понекогаш би му помогнале и на најголемиот непријател.

Прочитајте и...  „Лица“: Kaко една жена ја преживува и се лекува од траумата на силувањето

17. Вие сте несебични и инспиративни

Луѓето се среќни да ве имаат вас како пријател, бидејќи секогаш сте тука за нив. Вие сте силни и нежни истовремено.

Што мислите?

1 Поен
Upvote Downvote