Галерија

18 семејни моменти кои ја опишуваат љубовта подобро од зборови

Ниедно место на светот не е како дома. Единственото место каде што се чувствуваш исполнето и сфатено од твоите најблиски. Без сомнеж моментите поминати со твоето семејство се оние моменти кои остануваат запаметени. Возејќи точак заедно, или правење снешко, во секој случај тоа се незаборавни моменти.

Да ги направиш среќни оние ои ги сакаш е во самата срж на секој човек. Ние избравме неколку моменти кои ќе ви ја опишат љубовта подобро од секоја песна.

1. „Секое утро татко ми става храна за птици во форма на срце за мајка ми да ја види оваа глетка кога ќе се разбуди.“

2. „Секогаш кога мојот вереник ќе слушне песна на работа која што мисли дека ќе ми се допаѓа ја запишува на лист хартија за да ми го даде листот кога ќе си дојде дома.

3. „Ова е мојата прекрасна баба на нејзиниот 98 роденден. Моето семејство секогаш кога ќе отиде во посета кај неа и носи ситни парички бидејќи таа обожава да ги става во нејзината касичка- прасе. Оваа година ги замени ситните парички. Погледнете колку е само среќна!“

4. „Мојот татко беше полицаец кој работеше на сообраќајни несреќи. Јас имав 3 години кога оваа фотографија била направена на Божиќ. Тој го поминал целиот ден на несреќа во која погинале две деца. Јас го дознав ова денес.

5. „Само сум среќен што се сите заедно.

6. „Како самохрана мајка од пред неколку недели, мислев дека ќе биде добро да имаме трет член во нашето семејство. Од моментот кога го видов ова знаев дека тоа е правилниот избор.

7. „Ова е мојата омилена фотографија од денот кога го донесовме нашето бебе дома.

8. „За Божиќ мојата сопруга доби снимка од Божиќ 1973, последната година од животот на нејзината баба пред ракот на дојка да и го одземе животот. Мојата сопруга е родена 1976. Ова е прв пат да го слушне гласот на баба и.

9. „Едно од моите 6-месечни близначиња научи да мафта со рачето. Сега го прави тоа цело време.

10. „Мојот син беше пресреќен што го нашол татко му во неговата Лего колекција.

11. „Мојата ќерка ми рече: Мамо фала што ги посвои овие мачиња. Прекрасни се!

12. „Ова е мојата сопруга која ја чисти мојата кола после 12 часовна ноќна смена во болницата. Јас сум најсреќниот човек на светот.

13. „Мојата баба почина неодамна и мојата мајка го најде ова во нејзиниот дом. Кога сум имал 2 години сум и подарил 10 центи, а таа ги залепила на картичка и ги чувала целиот свој живот.

14. „Денес ја посетив куќата на дедо ми за прв пат откако почина. Од денот на венчавката со мојата баба нивната облека стои вака во нивната куќа. Ова е вистинска љубов.

15. „Неговото бебе морало да носи шлем за правилно оформување на главата, па тој го натерал целото семејство да носи шлемови.

16. „Мојот дедо и неговиот доживотен пријател Винтон излегуваат на прошетка на ладното.

17. „Татко ми и јас повторивме момент од пред 34 години.

18. „Мојата мајка ми правеше торти 44 години по ред за моите родендени. Пред 2 месеци почина, а за мојот роденден татко ми ја направил оваа.

Прочитајте и...  Mултитаскинг: Мајка ја дои двегодишната ќерка во породилната сала пред да го роди второто дете

Најпопуларно


To Top