Забава

18 важни лекции на кои ќе ве научи патувањето

Од суденото не се бега и нема поголема вистина од тоа дека насмевката има неверојатна моќ.

Ако имате работено во странство или пак сте биле на некој подолг престој, тогаш сигурно знаете колку многу работи може да ве научи патувањето.

Пред сè тоа ќе ве научи да верувате во себе и да имате храброст да се обложите на себе, но ќе ве научи и низа други лекции

4 2

Патувањето ќе те научи…

– Колку е голема моќта на насмевката.

– Дека најдобриот начин да ја напишеш својата приказна е да ги прашаш другите за нивните.

– Како да станеш по пад и да продолжиш понатаму.

– Дека со помош на нашите сличности можеме да ги надминеме нашите разлики.

– Дека не можеш сам и дозволено е да бидеш ранлив и да побараш помош.

– Дека го привлекуваш тоа што го манифестираш.

– Да не судиш и да им дозволиш на луѓето да ти се претстават во вистинското светло.

Прочитајте и...  Зошто треба да ставите паричка во замрзнувачот пред да отпатувате од дома?

– Која е вредноста на семејството и домот.

– Колку многу не се знаеш себеси и светот што те опкружува.

– Дека на крајот секогаш завршуваш таму каде што ти било судено на почетокот.

– Дека не ти е потребно многу за добро да се забавуваш.

– Кога да се откажеш и кога да продолжиш понатаму.

– Која е вредноста на тоа да имаш барем еден вистински пријател.

– Дека си многу похрабар отколку што мислиш.

– Како да му кажеш „да“ на непознатото.

– Дека светот е место во кое има многу повеќе добри луѓе отколку лоши.

– Која е важноста на кажувањето „те молам“ и „благодарам“.

– Те учи дека тоа што си – е доволно, но и те инспирира да станеш уште повеќе.


Најпопуларно


To Top