Занимливости

20 интересни факти за Бред Пит кои можеби не ги знаете – доживотно му е забранет влез во Кина

Тешко е да се поверува, но еден од главните секс-симболи на Холивуд веќе наполни 56 години. Од првото појавување на екранот, тој стана вистински идол на милиони, актер од прва класа и продуцент.

Почеток на кариерата

Вилијам Бредли Пит е роден во 1963 година во малиот град Шони, Оклахома во баптистичко семејство.

Вилијам студирал новинарство и маркетинг на универзитет, но не работел по професија, и отишол да го освои Холивуд со 325 долари во џеб. Во исто време, тој стана Бред Пит.

20+ facts about Brad Pitt that you might not know about (He has been denied entry to China for life)

Пред да стане sвезда, младиот Бред работел како товарач, возач, па дури и кувар во ланецот на ресторани „Ел Поло Локо“. Му требале пари за да плати за часови за глума и за сместување. Наскоро младиот Бред беше забележан и поканет да глуми во епизодни улоги во филмови и ТВ-серии.

„Морав да работам како маскотна кокошка пред ресторан за брза храна за да ја привлечам јавноста. Така во пракса научив што значи маркетинг што го учев 4 години на универзитет.“

-Бред Пит

Првиот долгометражен филм во кој глумел Пит е “The Dark Side of the Sun” објавен 10 години по сминањето бидејќи дел од филмот бил изгубен.

20+ facts about Brad Pitt that you might not know about (He has been denied entry to China for life)

На почетокот на својата кариера, Пит беше ангажиран во прилично необичен проект наречен “Cool World” каде што беа мешани актери и цртани ликови, но тој никогаш не беше објавен.

20+ facts about Brad Pitt that you might not know about (He has been denied entry to China for life)

Вистинска слава

20+ facts about Brad Pitt that you might not know about (He has been denied entry to China for life)

Актерот стана вистински познат по неговата улога во култниот филм „Interview with the Vampire“ каде глумеше заедно со Антонио Бандерас и Том Круз.

20+ facts about Brad Pitt that you might not know about (He has been denied entry to China for life)

„Од тибетските монаси дознав дека трите најстрашни работи што можат да му се случат на човекот се убавина, слава и богатство“.

-Бред Пит

Прочитајте и...  СЕКОЈА ЧЕСТ: Овој човек платил сметки за струја на 36 семејства

Ова беше проследено со серија на одлична глума во легендарните филмови како Legends of the Fall, Seven, Meet Joe Black. Бред Пит добил забрана да влегува во Кина после филмот „Seven Years in Tibet“ поради политички разлики.

Патем, Бред Пит течно зборува јапонски.

20+ facts about Brad Pitt that you might not know about (He has been denied entry to China for life)

За да ја донесе својата слика на екранот до совршенство, актерот направи снежно-бела холивудска насмевка. Наскоро беше поканет да глуми во филмот Fight Club. Неговиот лик, Тајлер Дурден, не смеел да има перфектно прави заби. Затоа, Бред морал да оди на стоматолог и да го истружи предниот заб.

20+ facts about Brad Pitt that you might not know about (He has been denied entry to China for life)

Заради снимањето во филмот „Троја“, каде го глумеше Ахил, се здебели 10 кг мускулна маса и, по некоја чудна случајност, ја скина неговата ахилова тетива.

20+ facts about Brad Pitt that you might not know about (He has been denied entry to China for life)

Пит е единствениот човек на светот кој двапати е прогласен за најсекси маж според магазинот „People“.

20+ facts about Brad Pitt that you might not know about (He has been denied entry to China for life)

После седум номинации, холивудскиот актер Бред Пит конечно доби Оскар и тоа во категоријата за најдобар актер во споредна улога на 92. Доделување на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука во Театарот Долби во Лос Анџелес. Пит го доби Оскарот за улогата во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ во режија на Квентин Тарантино.

Brad Pitt Jokes About Trump Impeachment in Best Supporting Actor ...

Во Холивуд постои теорија „Pitt-Hanks continuum“ која го објаснуваше претходниот недостаток од Оскар за глумата на Бред. Според неа, постојат 2 вида актери: првиот тип наликува на Бред Пит, вториот на Том Хенкс. Актерите како Пит можат да прикажуваат прекрасна глума со години, но никогаш да не добијат заслужена награда за тоа. Додека актерите како Хенкс лесно освојуваат Оскар, уште за нивната прва успешна работа.

Прочитајте и...  10 факти за човечкото здравје кои ќе ве изненадат
Tom Hanks ve Brad Pitt'ten Yeni Dizi – Dizi Mood – Yabancı Dizi ...

Приватен живот

Во младоста, Пит имал репутација на „женкар“. Така, во 80-тите години тој се запозна со идната сопруга на легендарниот боксер Мајк Тајсон, славната манекенка Робин Гивенс. Тие беа во врска од 1986 до 1987 година баш во текот на разводот меѓу Тајсон и Гивенс. Потоа Мајк јавно раскажа како ги уловил на дело во спалната соба.

What was it like dating Brad Pitt? Robin Givens spills the beans ...

Подоцна Бред кратко бил со Џил Шолин 1989 година. Биле верени, но таа му раскинала додека снимала филм во Унгарија.

Тој имаше кратка афера и со актерката Кристина Еплгејт. Љубовната приказна заврши со тоа што Кристина јавно му раскина на Бред токму на церемонијата на доделувањето на МТВ наградите.

Christina Applegate Plays Coy as to Why She Ditched Brad Pitt at ...

Љубовна бајка се случи и со Гвинет Палтроу крајот на 1994 година. Беа заедно до 1997 година. Беа верени, но наскоро раскинаа без никакво објаснување.

Why Gwyneth Paltrow Is Glad She Broke Up With Brad Pitt In 1997

Врската со Џенифер Анистон ја почна од 1998 година. Се запознале на состанок на слепо. После две години врска се венчаа во Малибу, но по 5 години брак се разведоа.

Celebrity Weddings and Engagements | Celebrity wedding photos ...

Проблемите им се појавиле кога тој почна да снима со Анџелина Џоли.

Бред Пит ја запознал Анџелина Џоли за време на снимањето на филмот “Mr. and Mrs. Smith“. Во тоа време Бред беше во брак со Џенифер Анистон, а Џоли беше самохрана мајка на Медокс, кој го посвои од Камбоџа. Две години подоцна во Намибија добија ќерка. Анџелина објави дека е бремена во јануари 2006 година, а само неколку месеци подоцна ја посвои Захара од Етиопија.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Во 2007 година Анџелина го посвои Пакс од сиропиталиште во Виетнам како самохран родител. Еден месец подоцна, презимето на момчето беше променето во Џоли-Пит. За време на Канскиот филмски фестивал, Анџелина и Бред објавија дека ќе станат родители и на близнаци.

Прочитајте и...  Бред Пит и Леонардо Ди Каприо: Комбинацијата на заводниците руши рекорди, овој филм мора да го гледате
Анџелина Џоли и Бред Пит

Тие беа 10 години заедно и имаа 6 деца пред да се венчаат во август 2014 на интимна церемонија на југот од Франција. На венчаницата на Џоли имаше цртежи од сите деца. Вереничкиот прстен што Пит и го даде на Џоли е направен според скиците на самиот актер.

13-fakti-za-brakot-na-andzelina-dzoli-i-bred-pit-koi-mozebi-ne-gi-znaevte-28.jpg

Предбрачниот договор се состоел од 101 станица.

Пред разделбата, двојката глуми во филмот “Cote d’Azur”. Иронично, филмот ја раскажува приказната за двојка што се обидува да го спаси бракот. За жал, оваа терапија не успеа: филмот доби ниски оценки, а Џоли и Пит се разведоа.

20+ facts about Brad Pitt that you might not know about (He has been denied entry to China for life)

Хоби и слабости

Бред Пит е страсен за мотори.

20+ facts about Brad Pitt that you might not know about (He has been denied entry to China for life)

Бред Пит е сопственик на винарија во Прованса и произведува розе вино од брендот Миравал.

Актерот е сериозно страствен за архитектурата, зел часови по компјутерски дизајн од познатиот архитект Френк Гери, па дури е и коавтор на монографија од куќата на Роберт Роу Блекер.

20+ facts about Brad Pitt that you might not know about (He has been denied entry to China for life)

Во 2006 година, Пит основаше фонд кој финансираше изградба на 109 куќи за погодените од ураганот Катрина во Њу Орлеанс.

Во 2018 година, актерот се обиде да купи „состанок“ со актерката Емилија Кларк за 120 илјади американски долари како дел од добротворна аукција за помош за Хаити. Сепак, Пит му го отстапи ова на анонимен купувач кој понуди 180 илјади долари. Подоцна, Кларк призна дека жали што Бред изгуби.

Најпопуларно


To Top