Галерија

20 најстрашни мостови во светот

Најверојатно возите или преминувате преку некој мост секојдневно, но не преку овие 20 мостови од кои може да ви се преврти стомакот.

20.  Royal Gorge Bridge, Колорадо

Ова е највисокиот суспендиран мост во САД. Изграден е во 1929, но стабилизирачки кабли биле додадени дури 50 години подоцна.

19. Мајмунските мовчиња, Виетнам

Ова не е само еден мост, туку многу мовчиња низ Виетнам. Покрај тоа што изгледа дека само мајмунче може да помине преку него, тие се популарна точка за преминување за локалните жители.

18. Hussaini Hanging Bridge, Пакистан

Најчесто именуван најопасниот мост во светот, преминувањето преку овој мост со големи дупки не е за тие со слабо срце. Пострашно е тоа што остатоците од претходниот мост висат веднаш до сегашниот мост.

17. Мостот од седум милји, Флорида

Иако не изгледа толку страшно, замислете да возите преку овој мост за време на многуте урагани во Флорида.

Прочитајте и...  Дали луѓето порано старееле побрзо? - 19 фотографии кои го докажуваат тоа

16. Deception Pass Bridge, Вашингтон

Возењето преку мост кој е цело време во магла можеби не звучи толку страшно, но замислете да пешачите преку него, на висина од 180 метри?

15. Lake Pontchartrain Causeway, Луизијана

Најдолгиот мост во светот на вода. Овој мост е само 4 метри над брановите.

14. Canopy Walk, Гана


Ова не е само обичен мост низ шумата. Поставен на 12 метри во воздух, буквално можете да прошетате низ дрвјата.

13. Langkawi небесен мост, Малазија

Овој мост се наоѓа на 120 метри над земјата и е затворан неколку пати поради одржување, но сега е целосно достапен за јавноста.

12. Mount Titlis, Швајцарија

3000 метри над земјата, овој мост не е за лесно плашливите.

11. Витим, Русија

Овој мост е успешно преминат од само неколку луѓе. Нема ограда за држење, а поголемиот дел од годината е прекриен со мраз.

10. Puente de Ojuela, Мексико

Користен од рудникот што се наоѓал под него, овој мост сега се користи само од пешаци.

Прочитајте и...  16 невозможни сложувалки кои ќе ви ги тестираат нервите ГАЛЕРИЈА

9. Quepos Bridge, Коста Рика

Локалните жители го викаат „мостот на смртта“.

8. Sunshine Skyway Bridge, Флорида

Конструиран во 1987 за да го замени мостот што бил уништен кога масовен танкер се судрил со пристаништето убивајќи 35 луѓе во 1980.

7. Eshima Ohashi Bridge, Јапонија

Мост на кој ќе се чувствувате како да се возите на ролеркостер.

6. The Bridge of Immortals, Кина

Доколку се осмелите да го поминете овој мост дефинитивно очекувајте прекрасен поглед кон планините во околината.

5. Montenegro Rainforest, Костарика

Нема подобар начин да се доживее најразновидната шума во светот освен меѓу самите дрвја.

4. U Bein Bridge, Мјанмар

Мостот не е во изградба иако така изгледа. Столбовите излегуваат од водата и мостот е долг повеќе од 1 километар.

3. Storseisundet Bridge, Норвешка

Овој уникатен Норвешки мост ви дава чувство на возење на ролеркостер кога преминувате преку него.

2. Carrick-a-Rede Rope Bridge, Северна Ирска

Поставен на 30 метри во воздух, веднаш над карпите.
Луѓето кои го поминуваат за да го видат прекрасниот остров од другата страна, одбиваат да се вратат назад.
Преминот преку овој мост се плаќа.

Прочитајте и...  Далеку од безгрижно детство: Децата робови во фабриките во Бангладеш

1. Sidu River Bridge, Кина

Мостот кој го гледате на фотографијата е највисокиот мост во светот кој ги поврзува Шангај и Чонгчинг.
Изграден е за само 100 милиони американски долари во 2009 година.
Освен што погледот од овој мост е магичен, тој е прогласен и за еден од најсилните мостови во светот.

Најпопуларно


To Top