Животински свет

20 вистини кои ниту еден сопственик на куче не смее да ги заборави

Многу вистински случки сведочат дека кучето навистина е најдобриот пријател на човекот. Сепак, луѓето замајани од динамичното секојдневие, честопати ги запоставуваат домашните миленици.

Child hugging dog 750x458

Сајтот „DogHeirs“ состави листа од 20 вистини, кои ниту еден сопственик на куче не смее да ги заборави.

Не ме игнорирај предолго. Можно е да живеам само 10 до 15 години. Ми се чини како да минува цела вечност кога си далеку од мене и срцето ме боли кога не знам каде си.

Не ме оттурнувај кога ќе пристигнат нови членови во семејството. Тие се и мое семејство и јас ќе ги сакам и штитам како што те сакам и штитам тебе.

boy hugging dog 104881486 5c40c94246e0fb0001d1afcb

Не ми се лути кога скокам врз тебе. Толку многу те сакам што понекогаш не можам да си ја контролирам возбудата и желбата да те прегрнам.

download
picture of a woman playing with a Weimaraner adult and puppy

Води ме на нови места за да запознам дружељубиви луѓе и животни. Можеби на почетокот ќе се плашам од нив, но ако ми ја држиш шепата додека минувам низ нови искуства, ќе научам да бидам посамоуверено и да им верувам на другите. Навистина сакам да запознавам нови пријатели.

Научи ме на нови нешта. Сакам да те усреќувам, па научи ме тоа што сакаш јас да правам. Учењето е одлична вежба за мене и го сакам тоа исто колку и трчањето во паркот.

Прочитајте и...  25 прекрасни фотографии од диви животни и нивните бебиња

Не се фрустрирај и не се откажувај пребрзо од мене. Јас не го разбирам твојот јазик, но давам сè од себе за да го научам. Дај ми време да разберам што сакаш од мене, бидејќи сè што сакам е да ти удоволам.

dogwalkroutine
Young woman with her dog walking in the forest

Не го истурај својот стрес врз мене. Независно како ти поминал денот, јас секогаш ќе се радувам што те гледам и ќе направам сè што е во моја моќ за да ти го направам денот подобар.

Утеши ме кога се плашам. Секогаш се чувствувам многу подобро кога сум со тебе и можно е да ми биде потребно време за да разберам дека новите нешта нема да ме повредат.

Колку и да си зафатен, обиди се да поминуваш малку квалитетно време со мене секој ден. Тоа е она што со нетрпение го очекувам и секоја минута ми значи премногу.

Dog with heart mark on nose enchants where it passes 5acf0cf17a554  880

Не ме оставај надвор кога е претопло или преладно. Немам каде да одам за да се изладам или стоплам и не знам како да избегам доколку се најдам во лоша ситуација.

Не ги заборавај малите нешта кои ме прават здраво и среќно. Шепите ме болат кога ноктите ми се предолги и се чувствувам многу подобро откако ќе ми ги отстраниш заплетканите делови од крзното. Дури и можам да се разболам доколку забите ми се премногу валкани. Тебе ќе ти одземе само неколку минути, но мене ќе ми значи многу.

Прочитајте и...  Губењето на миленик боли повеќе отколку што можете да замислите

Верувај ми. Јас тебе ти верувам со целото мое срце, затоа те молам и ти да ми веруваш исто така. Ти ми си сè на светот.

publicist4

Не ми се лути предолго. Ти имаш работа, пријатели, забава. Јас те имам само тебе.

Зборувај ми. Можеби не ги разбирам твоите зборови, но го разбирам тонот на твојот глас и говорот на твоето тело.

Секогаш биди љубезен кон мене. Знај дека јас никогаш нема да го заборавам начинот на кој се однесуваш кон мене. Колку повеќе ме сакаш, толку посилна ќе биде нашата врска.

Те молам не ме удирај. Запомни дека јас имам заби кои лесно можат да ги скршат коските од твојата рака, но јас избирам да не те каснам зашто те сакам. Ако сум направило нешто погрешно, тоа не било за да те разлутам, па те молам помогни ми да разберам како да не го направам тоа повторно. Многу повеќе сакам да те опсипам со бакнежи.

publicist

Дај ми до знаење кога ќе направам нешто правилно. Не постои нешто на светот што би ме израдувало повеќе. Можам да проценам кога си задоволен од мене и доколку знам што е она што те развеселува, можеш да се бидеш сигурен дека ќе се обидам да го повторувам. И повторно, и повторно, и повторно…

Прочитајте и...  Фотограф фотографирал верверички секој ден во текот на 6 години, погледнете ги неверојатните резултати

Посвети ми внимание доколку се однесувам чудно. Пред да ме искараш што сум мрзливо или што не те слушам, те молам провери дали нешто ме мачи. Можеби моето срце старее или можеби не сум добро, или можеби чувствувам болка.

ML8xjwx

Грижи се за мене кога ќе остарам исто како што си се грижел кога бев мало кученце. Кога бев младо, ти поминуваше многу време гушкајќи ме и допирајќи го моето меко крзно. Моето крзно можеби не е повеќе меко и јас не сум повеќе мало, но мојата љубов за тебе станува сè посилна.

Придружувај ме за време на тешките патувања. Разбирам дека ти е тешко, но те молам остани со мене до крајот. Сè ќе биде подобро, полесно и побезбедно за мене доколку ти си до мене. Запомни дека те сакам.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top