in

21-годишна студентка изработува специјални маски за глуви и наглуви лица

Студентка од Универзитетот во источен Кентаки создала маски за глувите и наглувите луѓе.

– Кога видов дека луѓето почнаа да прават маски за другите, си помислив, а што е со глувите и наглувите лица? – објаснува 21-годишната Ешли Лоренс.

Таа студира подучување на глувите и наглувите лица, а поради вирусот, предава од дома.

– Чувствував дека огромна група од населението е запоставена. Сите паничиме, така што забораваме на многу луѓе. Затоа чувствував дека е многу важно, дури и во вакво време, луѓето да ја имаат таа комуникација. Почнавме да ги правиме од постелнина. Па така, три-четири комплети се направени од постелнина, а користевме и пластична ткаенина – вели таа.

Таа ја објасни потребата од пластичниот дел на маските.

– За секој што користи читање од усни и знаковен јазик, ова е основен начин на комуникација. За знаковниот јазик важни се изразите на лицето и тие се дел од граматиката. Ако половина од лицето е покриено затоа што носите маска, тогаш лицето на кое му се обраќате ќе пропушти половина од она што го зборувате – вели таа.

За помалку од два дена Лоренс добила десетици нарачки од шест држави.

– Не наплаќам за нив затоа што знам дека им се потребни на луѓето. Затоа ги испраќаме бесплатно – вели таа.

Прочитајте и...  Чуварка во затвор се вљубила во затвореник: Го тетовирала неговото име, а направила дупка на панталоните за…

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote