Македонија

21 оздравени, 8 нови заболени од КОВИД-19

Денеска е регистриран 21 оздравен пациент во:

  • Скопје 8
  • Куманово 6
  • Штип 1
  • Прилеп 2
  • Тетово 1
  • Велес 1
  • Кочани 1
  • Македонски Брод 1

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:

  • Скопје 3
  • Битола 1
  • Велес 4

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Согласно ова вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427. Во изминатото деноноќие направени се вкупно 185 теста.

Прочитајте и...  Во спомен на починатите: Денеска е Задушница

Најпопуларно


To Top