Случувања

23 годишна девојка израснала повеќе од 200 сирачиња

Добитничката на наградата на CNN за Херој на годината Меги Дојн, била една од оние студенти кои одлучуваат да направат една година пауза по средно училиште за да се пронајдат себе си. Тогаш таа започна нешто што никогаш не го помислила. Оваа млада девојка самостојно го промени животот на стотици дечиња со помислата „Заборави на 80-те милиони, започни со еден.“

„Како една 23 годишна девојка од Њу Џерси, пред четири години, завршува во далечно село на Хималаите и се грижи за повеќе од 200 сирачиња кои се резултат на болести и граѓанска војна? Мојата приказна започна пред точно 5 години. Кога се разбудив едно утро на 18 години сфатив нешто страшно. Знаев многу малку за себе си, па затоа решив да одам на патување низ светот. Никогаш претходно не сум патувала, никогаш не сум ја напуштила мојата татковина. Одеднаш, целиот свет ми се отвори. Имаше толку многу што да се научи и истражи надвор од четирите ѕидови на училницата. Се шетав по една уличка кога погледот ми се сретна со едно мало девојче. Таа се викаше Лакора. Нејзината работа беше секој ден да носи товар од автобуската до селата, и тоа го правеше цел ден. Ќе заработи долар,два дневно за да го храни своето семејство. Ова е животот на непалскиот сирак.

Ја погледнав и во неа го видов секој дел од мене, и бев шокирана. Си помислив „Што на правивме како луѓе за нашите деца да живеат вака?“ Набрзо продолжив да истражувам и дознав дека има 80 милиони дечиња како неа низ светот. Бев разочарана и тогаш запознав едно посебно девојче. Нејзиното име беше Хема( 00:01:41) . Таа имаше 7 години, но секој ден кога одев да разговарам со неа таа само ќе ми се насмевнеше со нејзините големи, блескави очи и ќе ми кажеше „Namaste, Dee Dee“. За прв пат си помислив „Добро, Меги. Заборави на тие 80 милиони. Што ако започнеш со Хема? Дали можеш да направиш нешто со што ќе го смениш животот барем на едно дете?“ На 18 години си реков добро, можеш да го направиш тоа. Што ако помогнам да се школува барем едно дете? Како ќе се смени нејзиниот живот? Ова е Хема, неколку недели подоцна. Ја запишав на училиште, го следев нејзиниот напредок, но тажната работа беше тоа што сметав дека не е доволно. Се уште имаше дечиња кои немаа дом и семејство, кои беа сираци.

Еден ден, имав идеја. Најдов едно парче земјиште кое беше 5.000 долари и сакав на него да изградам куќа за сираци, дом, училиште и база. Им се јавив на моите родители и им реков „Дали би можеле да ми ги испратите моите заштедени 5.000 долари?“ Нив ги штедев од моите 6 години. Бев дадилка од 12 до 18 години, па со заштедените 5.000 долари го купив земјиштето во Непал. Светот ќе се промени кога нашите деца и жени се едуцирани. Тие имаат помалку деца. Тие израснуваат подобри семејства. Тие израснуваат поедуцирани деца. Нивните болести се намалуваат како и сиромаштијата. Заедниците и селата се менуваат. Карактеристично за ова што го работам е тоа што работата создава зависност. Најпрво реков едно дете. Потоа, ако можам едно, зошто не 10? Што ако мојот сон е еден ден да поминам низ ова суво корито и да не гледам ниту едно тажно дете? Тоа е тоа што го сакам. Сакам да создадам свет кој ќе сакам да го гледам секој ден и мислам дека имаме моќ тоа да го направиме.

Не мислам дека мора да одите до подножјето на Хималаите. Мислам дека убавината на сите нас е тоа што сите имаме одредени таленти, дарби, а ова е мојата и навистина сум среќна што ја пронајдов и создадов едно мое мало парче рај. Мислам дека светот ќе се промени кога ќе се пронајдеме себе си онаму каде што секој ден ќе се будиме. Тогаш ние не би сакале да бидеме на ниту едно друго место во светот, и на ниту една друга работа. Размислуваме на сите работи кои ги немаме наместо на оние кои ги имаме. Ох, би можела да го правам тоа кога би имала повеќе пари. Откако ќе докторирам, откако ќе успеам и ќе станам позната. Ако сето она што го имате моментално, вашето тело, вашиот ум и чувство е се она што ви е доволно, можете да направите се!

Прочитајте и...  Анџелина Џоли за прв пат ја отвори вратата на својот дом вреден 25 милиони евра (ФОТО+ВИДЕО)

Најпопуларно


To Top