Случувања

26 години од смррта на Курт Кобејн

Пред точно 26 години, 5 април 1994 година, почина иконата на рок музиката, фронтменот на бендот Нирвана, Курт Кобејн. Имаше 27 години.

Курт Кобејн и Нирвана се стекнаа со светска слава со песната Smells Like Teen Spirit.

Нирвана стана група предводник на таканаречената Генерација Икс, а Курт Кобејн како водач на групата Нирвана од медиумите е обележан како гласник на генерацијата.

За време на последните неколку години од неговиот живот, Кобејн водел борба со зависноста од дрога, како и со низа професионални и приватни притисоци кои го опкружувале него и неговата сопруга, музичарката Кортни Лав. На 8 април 1994 година, Кобејн е пронајден мртов во својот дом во Сиетл, според официјалните наоди тој претставува жртва на самонанесена истрелна рана во главата. Околностите под кои се случила неговата смрт станале интересна тема за дебата низ медиумите.

Прочитајте и...  „Proud“ - песната со која Тамара Тодевска ќе нѐ претставува на Евровизија 2019

Најпопуларно

To Top