Македонија

28 нови заболени, 48 излекувани пациенти од КОВИД-19

Денеска регистрирани се 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови.
Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови:
– Скопје -11
– Куманово -2
– Прилеп -9
– Тетово -2
– Велес – 3
– Валандово -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259.
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на Ковид -19.

Прочитајте и...  Хуманоста има убаво лице, а еве што им направиле маските: Вака изгледале кинеските лекари во екот на борбата со коронавирусот

Најпопуларно

To Top