in ,

3 пати беше девојка на Бонд – погледнете како изгледа денес во осмата деценија од својот живот

Актерката Мауд Адамс (75) иако наголемо ја “гази“ осмата деценија од својот живот, сепак таа изгледа совршено и многумина можат да ѝ завидат на нејзиниот негуван изглед.

Мауд веројатно е најпозната по тоа што дури три пати се појави како девојка на Бонд, во филмските остварувања за најпопуларниот таен агент Џејмс Бонд.

Беше девојката на Бонд во остварувањата „Човекот со златен пиштол“, „Октопод“ и „Поглед кон убиството“, а Бонд во тоа време го играше Роџер Мур.

Актерката е од шведско потекло, а без оглед на своите години таа и денес изгледа прекрасно, и како што велат многумина од нејзините фанови – нејзината убавина едноставно не исчезнува.

Мауд во интервјуа раскажала како од Шведска се преселила во Париз, а потоа стигнала во Њујорк и подоцна во Лос Анџелес поради својата актерска кариера

Денес таа е во среќен брак со Чарлс Робин, со кој се венчала во 1999-та година, а истиот ѝ е втор брак.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Откриена нова планета Супер-земја подобра од нашата, а можеби и населена

Првиот брак го склучила со фотографот Рој Адамс за кој се венчала во 1966-та година, а се развела 9 години подоцна.

Како оваа актерка изгледа денес, погледнете на следната фотографија:

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote