Психологија

3 Вежби од позитивната психологија кои ќе ве направат посреќни

“Тајната на среќата е да ги броиш твоите благослови додека другите ги собираат своите проблеми”. ~ Вилијам Пен

Позитивната психологија не поттикнува да размислуваме кои мисли и постапки можеме да ги смениме за да станеме посреќни. Овој намерен фокус нè инспирира да негуваме позитивни емоции, да ги негуваме врските и да извршуваме добри дела. Следните вежби можат да ви помогнат да ја подобрите вашата емоционална состојба, а истотака и емоционалната состојба на некој ваш близок.

Вежба #1- Три смешни случки

Напишете три смешни работи сте ги доживеале во одреден ден, и кои се нивните причини. На пример, дали во случката сте биле директно вклучени вие, дали сте посведочиле на случката или сосема спонтано се случила. Кога можеме да се смееме на себеси и на на нашите околности, тоа значи дека не го сфаќаме животот премногу сериозно. А и најдобро од се е тоа што смеењето е заразно, па може и на некому друг да му го разубавите денот.

Прочитајте и...  10 факти за стресот кои можеби не сте ги знаеле

Вежба #2- Бројте ги љубезните дела

Водете евиденција за сите видови на дела што ги правите во одреден ден, и за делата на љубезност на кои сте сведок. Овие можат да бидат толку едноставни како што е поставувањето на утринскиот весник на прагот на соседот, помагајќи и на постара личност да ја премине улицата или пак, да им се насмевнете на тотални туѓинци.

Вежба #3 – Искажување на благодарност

Помислете на некој што би требало да му се заблагодарите, некој кој е корисен или љубезен кон вас (а не член на семејството, партнер или сопруг). Напишете писмо до ова лице, вклучувајќи детали за тоа како тие ви помогнале и долготрајното влијание што го имаат врз вас. Договорете средба со вашиот пријател и кажете им дека имате нешто за да им прочитате. Откако ќе го прочитате писмото, подарете го како гест на благодарност.

И за сам крај, запомнете: Позитивни мисли- позитивен живот!

Најпопуларно


To Top