Кујна

3 зеленчуци кои го хидрираат телото речиси исто како чаша вода

Првото и најважно правило за спречување на дехидрирање е пиење на доволно вода во текот на денот. 

Секоја клетка од нашето тело е составена од голем дел вода и затоа треба да пиеме количина соодветна на потребите на организмот, со цел клеточните функции да се извршуваат правилно.

Покрај вода, постојат и неколку типови на зеленчук кои, исто така, се составени од големи количини на течност, но и минерали и електролити.

Краставицата, покрај вода, содржи и витамин Ц, калиум, магнезиум и натриум. Со јадење на свежа краставица на својот организам му обезбедуваме и доволна хидратација, но и внес на хранливи материи.

Во принцип крставицата е еден вид на виртуелна метла која што го чисти организмот од токсини. Малку познат факт е дека редовното јадење на овој зеленчук го намалува ризикот од камен во бубрегот.

Козмeтичарите ја препорачуваат и за надворешна употреба од причина што содржи калиум и магнезиум.

cucumber

Доматите, кои се богати со антиоксиданси, содржат и доста растителни влакна. Благодарение на доматите, нашата кожа ќе биде поеластична, хидрирана и поотпорна на УВ-зрачења.

Прочитајте и...  Посна салата со макарони и туна

Во принцип овој зеленчук содржи материи како калиум, манган, бакар, фосфор, цинк, калциум, магнезиум и железо. Со јадење на само еден домат дневно во организмот се внесуваат 26% од потребната дневна доза витамин Ц и 20% од дневните потреби за витамин А.

Доматот е, исто така, богат со витамин К, витамин Е, тијамин, Б6, фолна киселина, рибофлавин и пантотенска киселина.

better boy tomato1

Тиквичките, всушност се 95% вода, воопшто не се калорични, диетални се, а се и одличен извор на витамините А и Ц и на фолна киселина.

Растителните влакна кои ги имаат во голема количина, најмногу во кората, ја намалуваат ресорпцијата на масти во организмот.

Важен податок е дека тиквичката не смее да се чува во фрижидер повеќе од 48 часа, бидејќи на овој начин ги губи своите хранливи материи.

zucchini2


Најпопуларно


To Top