
Употребата на илузија во уметноста не е ништо ново, мал град во Исланд користи илузија за подобрување на јавната безбедност и проблемите во сообраќајот. Овој 3D пешачки премин беше насликан минатиот месец со цел да го успори сообраќајот на оваа улица.

Моментално проектот е експериментален, за да се провери каков ефект ќе се постигне со креативниот пешачки премин па потоа ќе се одлучува дали ќе постават повеќе вакви илузии, ѝ на други улици во градчето.
