psych4234
psych4234

Додека, околу 1% од населението, може вистинито да се категоризира како опасни психопати, многумина се целосно функционални и честопати многу успешни индивидуи.
Не е лесно да се идентификуваат, но се наоѓате среде расправија – или навидум пријателска дебата – и конечно ви станува јасно со кого се занимавате.

1.Тие се крајно нечесни и постојано наоѓаат изговори
Нивните зборови никогаш не се совпаѓаат со нивните постапки и нивната нечесност ве разочарува толку често што навистина се чувствувате ослободено кога прават помал гест на пристојност. Тие ве учат да бидете благодарни на сите оние што се искрени наспрема Вас.

2.Тие одбиваат да ја преземат одговорноста
Лагите на психопатот редовно се користат како начин да се избегне преземање одговорност за нивните постапки. Тие не се способни да ги признаат своите грешки и ќе ја бранат сопствената невиност до крај. Без оглед колку е голема или мала грешката, тие ќе негираат преземање на било каква одговорност затоа што тоа може да ја уништи инаку грандиозната визија што ја имаат за себе.

Прочитајте и...  Позитивна психологија во 100 зборови

3.Тие се масовни лицемери
Додека имате расправија со нив, поради нивната неспособност да почувствуваат вина и срам, психопатите ќе започнат да ве нарекуваат имиња и да ставаат етикети на вас со истите работи што се важни за нив. Тие ќе ја проектираат својата отровна личност врз вас. Целта е да ве разлутат за да реагирате толку лудо и емотивно, за тие можат да им кажат на другите дека вие сте лудите.

4.Ним им недостасува емпатија
Без разлика за што дебатирате, кога треба да осетат човечки емоции психопатот ќе биде лишен од истите.
Можеби зборувате за несреќните судбини на луѓето во воените земји, жртви на криминал или дури и за маките на еден пријател. Тие дури може да ги најдат виновни жртвите дури кога тие да немаат никаква кривица во случајот.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде