Психопатите можат да бидат исклучително шармантни и на прв поглед изгледаат како вашиот сопствен принц на бел коњ. Освен ако не ги препознавате знаците, најверојатно ќе бидете вовлечени во животот на еден психопат и не знаете кој тој или таа навистина е, се додека не сте сосема вовлечени во магичниот круг. Еве 4 знаци на кои треба да внимавате за брзо да го препознаете психопатот скриен под маската.

1. Ласкање како никогаш досега.
На првиот состанок, тој најверојатно ќе ви каже дека сте неверојатно убави, неверојатно интелигентни и духовити. Тој ја знае секоја фантазија и несигурност што ја имате. Ако мислите дека сте дебели, тој ќе ви каже колку многу го сака вашето тело. Ако мислите дека сте срамежливи, тој ќе се смее на секој лош обид на шега и ќе ви каже дека треба да бидете комичар. Ова се нарекува “љубовно бомбардирање”. Тоа е фазата на идеализација што ќе ве привлече, истата фаза која ќе пробувате да ја вратите откако наеднаш вашиот партнер ќе се смени.

2. Тој е ист како вас.
Психопатите ќе се обидат да ве убедат дека сте сродни души.
Тој ги сака истите работи како вас и ги има истите интереси. Ако имате некоја чудна книга што ја сакате, тој ќе се погрижи да ја научи наизуст. Она што тој го прави е наречено “пресликување”. Психопатот нема вистински идентитет, па го копира вашиот и ви го пресликува како негов.

3. Тивок третман.
Откога ќе ве “заглават” психопатите по фазата на “бомбардирањето со љубов” и “идеализацијата”, тие потоа ќе почнат да ве девалвираат. Првиот чекор во тоа е обично да ви даде тивок третман за нешто непостоечко. Исто така, познато е дека психопатите исчезнуваат со денови без да ви јават за тоа.
Вистината е дека додека вие чекате да се вратат, тие ја бараат нивната следна жртва.

4. Отфрлање.
Конечната фаза на психопатот е фазата на “отфрлање”. Откако ќе ве привлече со идеализација, почнува да Ве девалвира, и на крај ќе отфрли како никогаш да не сте биле во врска. Одненадеж сте му сосема безвредни. Психопатот во овие моменти преминува на неговата нова жртва, оставајќи ве вас ранети и сосема беспомошни.