Случувања

440 пара женски чевли обесени на зграда во Истанбул – толку жени се убивани од сопрузите во Турција годишно

Околу 440 пара женски чевли висат на два ѕида во населбата Кабаташ во областа Бејоглу во Турција. Тие ги претставуваат жените жртви на семејно насилство. Автор на уметничката инсталација е Вахит Туна.

„Сакавме секој што минува покрај патот да ја види (уметничката инсталација). Затоа не сакавме да бидеме домаќини на изложбата во затворен простор“, вели Туна за турските медиуми.

Чевлите ќе бида привремено изложени и немаат комерцијален мотив.

„Она што го прави овој проект е дека ја зголемува свеста за убиствата на жените и го материјализира овој проблем како скулптура или споменик. Оваа работа ќе остане тука шест месеци “, истакна тој.

Околу 440 жени беа убиени во Турција во 2018 година, според платформата „Ќе го сопреме фемицидот“.

Бројот на убиени жени во 2017 година беше 409, според претходниот извештај објавен од истата организација.

Прочитајте и...  Во хеликоптерската несреќа починала и ќерката на Коби Брајант, 13 годишната Џиана
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top