46 годишна жена се породила само 24 часа откако открила дека е бремена

Моника Томпсон мислела дека „најверојатно е во менопауза…“

46 годишната Моника Томпсон ја посетила брзата помош откако не се чувствувала добро, имала болки во стомакот и мислела дека заболела од грип.

Томпсон била бремена 7 и пол месеци и се породила со итен царски рез само 24 часа по нејзината првична посета на болница.

Жената, која е од Лас Вегас, раскажува дека мислела дека е болна од грип откако почнала да повраќа, па затоа заминала во брзата помош. „Докторот дојде и ми рече: Мислиш дека може да си бремена? Јас се насмеав и му реков дека сум престара за деца, најверојатно сум во менопауза“. – раскажува Моника.

https://twitter.com/InsideEdition?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1172268725313134592&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.prevention.com%2Fhealth%2Fa29036747%2F46-year-old-woman-gives-birth-day-after-unexpected-pregnancy%2F

Томпсон направила тест за бременост кој испаднал позитивен.

Следниот ден била пренесена во болница каде почнала да се пораѓа. Нејзиниот син Џејден бил донесен на свет со царски рез и тежел 1.6 килограми.

Сега Џејден има 11 месеци и Моника кажува дека тој и е најдоброто нешто што и се случило.

Колку е често забременувањето во 40те?

Докторите велат дека не е толку често. Жените кои забременуваат по 40тата година, во најголем дел од случаите имаат голем ризик од спонтан абортус.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.