Македонија

46 новозаболени од коронавирус во Македонија, вкупниот број е 663 лица

Во изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица.

Новопотврдените случаи се во градовите: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 341 тест. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.

Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне информираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.

Прочитајте и...  Видео спот на МВР по повод ,,Ден на полицијата” (ВИДЕО)

Најпопуларно


To Top