На денешен ден пред 47 години е направен првиот повик преку мобилен телефон , уред кој некогаш чинеше огромни 3500 долари.

Инженерот на компанијата „Моторола“ Мартин Купер на 3 април во 1973 година го повика својот колега од ривалската телекомуникациска компанија Бел Лебс и му соопшти дека му зборува до „првиот “ мобилен телефон.

Во едно поранешно интервју за Би Би Си „таткото“ на мобилните телефони 85 годишниот мартин Купер изјави дека поради високата цена верувал дека мобилниот телефон нема да биде производ кој масовно би се купувал и користел.
Првиот мобилен телефон бил тежок околу половина килограм.
