in

47 години од смртта на Пабло Пикасо

 Пабло Пикасо е роден на 25 октомври, 1881 година во Малага, Шпанија, а почина на денешен ден во 1973 година на 91 година. Неговото име и дело секогаш ќе останат синоним за врвна уметност.

Неговото вистинско име не било Пабло Пикасо

Всушност неговото вистинско име било Пабло Диего Хосе Франциско де Паула Хуан Непомуцено Мариа де лос Ремедиос Чиприано де ла Сантисима Тринидад Руиз и Пикасо. Ако мислите дека вашето име е долго, време е да го промените вашето мислење.

5 zabavni fakti za pablo pikaso 2

Шпанскиот уметник го користел италијанското презиме на неговата мајка затоа што мислел дека повеќе му одговара на неговиот имиџ. Пабло има италијанско потекло и тој сметал дека името кое го носи има големо значење. Не можел ни да замисли да го викаат Пабло Руиз или Диего Хосе Руиз.

Талентот за сликарство го наследил од татко му. Пикасо почнал да црта и да бои со маслени бои уште кога наполнил 7 години.

Прочитајте и...  Се породи Катарина Ивановскa
5 zabavni fakti za pablo pikaso 4

Кога имал 9 години, ја завршил неговата прва слика. На 13 години почнал да посетува уметничко училиште во Барселона, каде што предавал татко му. Две години подоцна ја создал својата прва важна слика.

Пикасо некогаш кажал: „Љубовта е најголемото освежување во животот” и навистина го мислел тоа. Во 1927 година, на улица забележал една убава русокоса која се викала Марија Тереза Волтер, и ѝ пришол со клише уметничка фраза:

„Госпоѓице имате интересно лице, би сакал да го нацртам вашиот портрет. Јас сум Пикасо.”

Amazon.com: Alonline Art - Marie Therese Walter by Pablo Picasso ...

Таа никогаш порано немала слушнато за него. Потоа, тие започнале љубовна врска иако разликата во годините била огромна – таа имала 17 години додека тој веќе имал 45. Тој имал жена, балерината Олга Коклова и уште неколку познати љубовници. Но оваа била најскандалозната и најпозната афера која некогаш ја имал. Некои од неговите најпознати и најскапи уметнички дела биле испирирани од Марија Тереза.

Pablo Picasso — Photos - Marie-Thérèse Walter, 1936 year

Пабло некогаш кажал: „Мојата мајка ми кажа, ако си војник ќе станеш генерал, ако си свештеник ќе станеш Папа. Наместо тоа, јас бев уметник и станав Пикасо.”

Pablo Picasso. Picasso's Mother.

Но Пикасо не бил само уметник, тој исто така пишувал и поезија, а најмногу песни напишал откако се разделил од неговата прва сопруга. Исто така, напишал две претстави од кои една стекнала голема популарност.

Пабло мислел дека ќе стане попознат по неговите пишани дела отколку по неговите слики.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote