Ништо не го разубавува балконот или терасата како што тоа го прави цвеќето. Иако со задоволство би имале само орхидеи на балконот, сепак сакате поевтина и полесно издржлива варијанта.
За да ви помогнеме во изборот и одржувањето, ви предлагаме 5 видови кои секогаш успеваат:
Невен

Во каква земја и да ги посадите, ќе успеат. Траат цело лето, а ги има во нијанси на жолта и портокалова боја. Невенот најдобро расте во полусенка, со витаминска прихрана и со редовно отстранување на прецветаните цветови.
Гераниум

Уште едно отпорно цвеќе кое изгледа нежно. За раст му треба сонце, но не многу силно. Важно е да се дохранува и чисти од прецветаните цветови. Бара редовно полевање.
Петунија

Веројатно најпознатото балконско цвеќе чии бои се впечатливи и прекрасни. Потребна е полусенка и додаток хумус. Заради нежните цветови, мора да се пази од провев и ветар. Во вториот дел од летото билката може да ја сецнете на 20 сантиметри над земјата, добро да ја прихраните и повторно ќе процвета во есен.
Љубичица

Постојат многу видови и сорти кои се разликуваат само по бојата и големината на цветот. Одржувањето е исто – било каква почва и било какво место. Единствено им пречат високи температури.
Бегониja

На овие бујни цветови потребна им е шарена сенка или малку благо сонце, заедно со прихрана за посвеж изглед.
