Случувања

5 чудни околности во врска со катастрофата во Чернобил

Приказната за експлозијата на реакторот во Украина одекна во светот, а нејзините последици се далеку видливи. Сепак, постојат детали кои се помалку познати, а катастрофалниот резултат ги прави појасни.

Cernobilj 5 cudnih cinjenica 208790942

Нуклеарната катастрофа во Чернобил се случи пред повеќе од 3 децении, а додека поголемиот дел на луѓето знаат дека експлозијата на реакторот настана поради човечка грешка, малку се познати сите детали.

  1. Количина на радијација еднаква на Хирошима?

Околу 30 000 луѓе се наоѓале во близина на реакторот ноќта на 26 април 1986 година кога се случи експлозијата. Оние кои биле изложени на радијацијата преживеале околу 45 рема (мерка единица за радијација), а еднаква доза на радијација примиле оние кои ја преживеале атомската бомба врз Хирошима во 1945 година. Овој податок се наоѓа во книгата „Физика за идните претседатели: Науката позади насловот“.

Радијацијата од 45 рема не е доволна да предизвика болести, но го зголемува ризикот од рак за 1,8%, но податоците кои ги објавила Агенцијата за атомска енергија IAEA во 2006 година покажала дека бројот на смртни случаи од рак е многу поголем од тој процент. Измерената радијација била над 10 милиони рема, наместо 45, што е еднакво на 4000 заболени од рак.

Прочитајте и...  8 Чудни факти за сексот кои не сте ги знаеле досега

2. Најголемата штета е направена во текот на неколку недели по експлозијата

Почетната експлозија била огромна, но најголемите штети од радијацијата се случиле во текот на неколку недели кои следеле. Радијацијата би требало да се следи во фрагменти кои одлетуваат кога експлодира нуклеусот, како и шрапнел кој се одвојува од бомба. Исто како кога ќе се дупне балон, секој нуклеус при својата експлозија испушта одредена количина радијација само еднаш. Само 15 минути по експлозијата во Чернобил, нивото на радијација се спуштило на половина од почетните вредности, а во наредните денови и недели се намалува, така што по 3 месеци е помалку од еден процент. Сепак, остатоци од радијацијата постојат и денес. Големиот дел замина со чадот, а човечката популација е погодена само со оној процент кој се задржал во земјата, објаснува професорот Мулер.

files

3. Загинати се десетина пожарникари

Самата експлозија, покрај огромното ниво на радијација предизвикала и огромен пожар, а на десетина пожарникари им згаснал животот во обидите за гасење на пожарот и дирекното справување со радиоактивните гасови. Секој пожарникар во овие моменти бил изложен на квадрилион гама зраци – вид на радијација која има висока моќ на пенетрирање и која се ослободува од нуклеарни оружја. Околу 10 трилиони гама зраци сочинуваат 1 рем радијација.

Прочитајте и...  Мајката на Роналдо доживеа мозочен удар

При примени 100 реми, организмот самиот се справува и нема ни да приметиме. При 200 реми радијација можно е труење, а ефектите се исти како кај пациентите кои примаат хемотерапија – паѓање на косата, мачнини, депресија. Организмот во овие случаи се бори да ја поправи штетата, со што прави приоритети. Луѓето кои ќе примат 300 реми радијација имаат најголема шанса да умрат доколку не им се даде итна помош во вид на трансфузија.

4. Не постоела заштитна структура

Чернобил немал еден важен дел од системот за заштита – градба која би го запрела зрачењето.

Структура во вид на купола, направена од бетон и челик, дизајнирана така да го ограничи ослободувањето на производите на фисијата во случаи на несреќа – според американската Регулаторна комисија за нуклеарна енергија. Спрема мислењата на стручњаците, ваква градба би ги спасила сите животи кои беа изгубени во катастрофата во Чернобил.

5. Чернобил стана дом на диви животни

Прочитајте и...  Среќен именден Симо, Симеон, Симонка, Симон, Симона, Симка…

По евакуацијата на луѓето која следеше брзо по експлозијата, во регионот се населија диви животни.

Рисови, срни, елени и диви свињи се само некои од жителите на оваа зона исклучена за луѓето. Бројот на животни во овој регион е скоро еднаков на бројот на животни кои живеат во незагадени околини, покажано е во истражување објавено во 2015 година. Популацијата на волци е особено зголемена во ова подрачје, ако се земе во обзир дека ги има седум пати повеќе од некои други незагадени околини.

Иако овие податоци не значат дека на дивиот свет радијацијата не влијае воопшто, отсуството на човечкиот фактор – сечење на шумите, лов, обработка на земјата и слично, покажано е дека се фактор кој влијае врз популацијата на диви животни.

Други научници сепак потенцираат дека бројот на популацијата во Чернобил и понатаму е во пониски бројки од заштитените подрачја низ делови на Европа, со што потенираат на тоа дека и понатаму радијацијата влијае врз тоа подрачје.

Најпопуларно


To Top